Слезовидни

(Пренасочено од Malvales)
Слезовидни
Украсен слез (Alcea setosa)
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Розиди
Ред: Слезовидни
Dumort., 1829
Фамилии

во текстот.

Hibiscus moscheutos

Слезовидните (науч. Malvales) — ред на цветни растенија со 6.000 видови во 9 фамилии (APG II). Редот е сместен во класата еврозиди II од групата на евдикотите.

Растенијата од овој ред се претежно мали грмушки и дрва; највеќето фамилии се одликуваат со космополитска распространетост во тропите и суптропите и ограничено присуство во умерените подрачја. Интересен случај е Мадагаскар, каде има три ендемски фамилии на слезовидни растенија (Sphaerosepalaceae, Sarcolaenaceae и Diegodendraceae).

Многу видови од редот се познати по дрвото што го даваат. Такви се балзата (Ochroma) која се цени бидејќи е лесна, и липата (Tilia), која е погодна за резбање. Какаовото дрво (Theobroma cacao) ја дава основната состојка во чоколадо. Оревите од растението кола (Cola) се значајни поради кофеинот што го содржат, и од кои во минатото се правеле пијалаците кола. Други попознати членови се маслиницата, хибискусот, украсниот слез, бамјата, баобабот, памукот и капокот.

Растенијата имаат разновидна морфологија и не делат многу заеднички особини. Најчесто се среќаваат дланковидните листови, споени чашки и извесна структура и хемиски состав на семето. Кората честопати е влакнеста, направена од слоеви мек флоем.

Фамилии (APG)

Наводи

уреди
  1. Nickrent, Daniel L. "Cytinaceae are sister to Muntingiaceae (Malvales)", Taxon 56 (4): 1129-1135 (2007) (извадок)
  • Alverson, W. S., K. G. Karol, D. A. Baum, M. W. Chase, S. M. Swensen, R. McCourt, and K. J. Sytsma (1998). Circumscription of the Malvales and relationships to other Rosidae: Evidence from rbcL sequence data. American Journal of Botany 85, 876-887. (Available online: извадок Архивирано на 26 јуни 2010 г.)
  • Bayer, C. and K. Kubitzki. 2003. Malvaceae, стр. 225–311. In K. Kubitzki (ed.), The Families and Genera of Vascular Plants, vol. 5, Malvales, Capparales and non-betalain Caryophyllales.
  • Edlin, H. L. 1935. A critical revision of certain taxonomic groups of the Malvales. New Phytologist 34: 1-20, 122-143.
  • Judd, W.S., C. S. Campbell, E. A. Kellogg, P. F. Stevens, M. J. Donoghue (2002). Plant Systematics: A Phylogenetic Approach, 2nd edition. стр. 405–410 (Malvales). Sinauer Associates, Sunderland, Massachusetts. ISBN 0-87893-403-0.
  • Kubitzki, K. and M. W. Chase. 2003. Introduction to Malvales, стр. 12– 16. In K. Kubitzki (ed.), The Families and Genera of Vascular Plants, vol. 5, Malvales, Capparales and non-betalain Caryophyllales.
  • du Mortier, B. C. J. (1829). Analyse des Familles de Plantes, avec l'indication des principaux genres qui s'y rattachent, стр. 43. Imprimerie de J. Casterman, Tournay.
  • Watson, L., and Dallwitz, M. J. (1992 onwards). The families of flowering plants: descriptions, illustrations, identification, and information retrieval Архивирано на 3 јануари 2007 г.. http://delta-intkey.com Архивирано на 3 јануари 2007 г.
  • Whitlock, B. A. (October 2001). Malvales (Mallow). In: Nature Encyclopedia of Life Sciences. Nature Publishing Group, London - DOI | ELS Архивирано на 13 мај 2011 г.)

Надворешни врски

уреди