Слезови
Слезови | |
---|---|
Hibiscus rosa-sinensis | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Оддел: | Скриеносеменици |
Класа: | Дикотиледони |
Ред: | Слезовидни |
Семејство: | Слезови Juss. |
Потсемејства | |
Bombacoideae |
Слезовите (науч. Malvaceae) се фамилија на скриеносемени (цветни) растенија со преку 200 родови во кои се распоредени приближно околу 2.300 видови. Најголемите родови по број на видови се Hibiscus (300 видови), Sterculia (250), Dombeya (225), Pavonia (200) и Sida).
Систематика
уредиСистематиката на Malvaceae е многу контроверзна. Според традиционалната поделба на оваа фамилија sensu stricto таа се состои од многу хомогена и кладистички монофилетска група. Меѓутоа, sensu lato, врз основа на молекуларните техники, се покажа дека фамилиите Bombacaceae, Tiliaceae, и Sterculiaceae, кои отсекогаш се сметале за блиски на слезовите sensu stricto, не се монофилетски групи. Поради ова, Malvaceae се прошири и ги вклучи сите овие фамилии со цел да се добие една монофилетска група. Според оваа систематика, Malvaceae вклучува многу поголем број на родови. Според вториот начин на класификација, оваа фамилија е поделена на следниот начин:
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Опис
уредиПовеќето видови се тревки или грмушки, но некои се дрвја и лијани. Листовите се последователни, често палматно поделени или сложени и палматно венирани. Рабовите може да се целокрајни, но кога тие се рассечени, една лисна вена завршува на т.н. малвоиден заб. Присутни се прилисници. Стеблата содржат мукусни канали и празнини. Присутни се најчесто стелатни трихоми.
Цветовите најчесто се образуваат на целосни или нецелосни аксиларни соцветија, кои обично се редуцирани до еден единствен цвет, но може да се и каулифлорни, опозитифолни или терминални. Често носат прицветници. Може да се еднополови или хермафродитни и обично се актиноморфни, често асоцирани со забележливи прицветници, притоа образувајќи епикаликс. Обично поседуваат по 5 валватни чашкини ливчиња (најчесто базално конатни). Имаат 5 имбрикатни венечни ливчиња. Прашниците се 5 или повеќе на број, конатни барем во нивната основа, но често формираат цевка околу плодниците. Плодниците се состојат од две до повеќе конатни плодни ливчиња (карпели). Јајчникот е натцветен, со осна плацентација. Имаат капитатни или лобирани устенца (стигми). Цветовите имаат нектариуми составени од многу тенко спакувани жлездени влакненца, обично позиционирани на венечните ливчиња. Плодот е најчесто локулицидна капсула (кутијка), шизокарп или оревче.
-
Стелатни трихоми на долната страна од исушен лист на Malva alcea.
-
Плод - локулицидна кутијка кај растението дуријан.
-
Цветен дијаграм на Malva sp.
-
Соцевтие на Hibiscus moscheutos
Употреба
уредиНеколку вида се плевели во земјоделството, како Abutilon theophrasti и Modiola caroliniana. Памукот (4 вида на Gossypium), кенафата (Hibiscus cannabinus) и бамјата (Abelmoschus esculentus) се важни земјоделски култури. Плодовите и листовите на баобабот се јадливи. Цветовите на црниот слез (Malva silvestris) и белиот слез (Althaea sp.) се користат за подготовка на лековити чаеви.