Слезовина

род растенија
(Пренасочено од Хибискус)
Слезовина

Слезовина или хибискус (научHibiscus) — род цветни растенија од семејството на слезовите (Malvaceae) со околу 200 до 220 видови. Иако во цел свет се одгледува како украсна билка природно место на слезовината претставуваат топлите и умерените, суπтропски и тропски краишта. Во родот на слезовината спаѓаат и зељести и дрвенести билки (грмушки и ниски дрва).

Слезовина
Кинеска слезовина
(Hibiscus rosa-sinensis)
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Розиди
Ред: Слезовидни
Семејство: Слезови
Род: Слезовина
L.
Видови

679 видови

Синоними[1]

Потекло

уреди

Растението има потекло од просторите на денешна Индија и Кина. Многумина сметале дека, оваа билка потекнува од Сирија, каде се вика сириска роза. Иако не е познат точниот датум на донесување на слезовината во Европа, многу стручњаци сметаат дека, било во текот на 1731. по враќањето на биологијата со истражувачки работи од Азија. До 1786 година опишани се три видови слезовина. Иако до сега се познати над 200 видови, тој број постојано расте.

Опис на билката

уреди

Слезовината ги опфаќа билките со мал и џуџест раст. Меѓутоа, постојат и некои видови кои достигнуваат височина и до 4 м. додека во собни услови максимална височина е околу 150 см. Во тропските и суптропските краишта расте во дивина, додека во Европа се негува како украсна билка. Во Средоземјето расте како дрвце. Доколку се одгледува во добри услови, неговата големина во текот на првите години се удвојува.

  1. „Genus: Hibiscus L“. Germplasm Resources Information Network. United States Department of Agriculture. 2007-10-05. Архивирано од изворникот на 28 мај 2010. Посетено на 16 февруари 2010.