Last Rites
Last Rites е првата демо касета на американскиот треш метал бенд Megadeth. Касетата била објавена на почетокот во 1984 г. и воедно е првиот носач на звук издаден од групата.[1]
„Last Rites“ | ||||
---|---|---|---|---|
Демо касета од Megadeth | ||||
Издаден | 9 март, 1984 г. | |||
Снимен | јануари-февруари, 1984 г. | |||
Жанр | Спид метал, треш метал | |||
Траење | 11:26 | |||
Издавачка куќа | Комбат | |||
Продуцент | Дејв Мастејн, Карат Фаје | |||
Megadeth — Хронологија | ||||
|
Демото било снимено само два месеци по Мастејновото заминување од Metallica, што е една од причините за кусиот материјал. Во тоа време, Megadeth го сочинувале единствено Мастејн, Дејвид Елефсон и Ли Роуч. Акустиката на песните е со доста слаб квалитет, што се должи на оскудниот финансиски буџет кој бил обезбеден за потребите на проектот.
Песните се многу брзи и абразивни, а нивните составни рифови се сметаат за основи на спид металот. Тие воедно биле и основа за подоцнежниот студиски албум Killing Is My Business... and Business Is Good!, на кој се нашле сите песни со ситни промени во нивната структура.[2] Според одредени мислења, овој мини албум бил повод и останатите хеви метал бендови да започнат да создаваат песни со побрз ритам и со нагласена улога на тапаните.
Список на песни
уредиСите песни биле напишани и компонирани од страна на Дејв Мастејн.
Бр. | Наслов | Траење |
---|---|---|
1. | „Last Rites/Loved to Deth“ | 4:16 |
2. | „Mechanix“ | 3:59 |
3. | „The Skull Beneath the Skin“ | 3:11 |
Вк. траење: |
11:26 |
Музички персонал
уреди- Дејв Мастејн - вокал и гитара
- Дејвид Елефсон - бас гитара
- Ли Роуч - тапани