Hidden Treasures
Hidden Treasures е мини албум на хеви метал бендот Мегадет, издаден во 1995 г. Претставува колекција на сите нивни објавени синглови кои не се нашле на ниеден од студиските албуми. Песните „No More Mr. Nice Guy“, „Paranoid“ и „Problems“ се преработки од Алис Купер, Блек Сабат и Секс Пистолс редоследно, додека сите останати композиции се во авторство на членовите од Мегадет. Повеќето од овие нумери биле специјално снимени за потребите на холивудските филмови, чии режисери побарале од групата да напише музика.[1] Омотот на албумот е патна карта на централна Аризона, каде наместо имињата на градовите се наведени песните од дискот.
„Hidden Treasures“ | ||||
---|---|---|---|---|
мини албум од Мегадет | ||||
Издаден | 18 јули, 1995 | |||
Снимен | 1989-1994 | |||
Жанр | Хеви метал, хард рок, треш метал | |||
Траење | 29:06 | |||
Издавачка куќа | Капитол | |||
Продуцент | Макс Норман, Дејв Мастејн | |||
Мегадет — Хронологија | ||||
|
Список на песни
уредиОригинално издание | |||||
---|---|---|---|---|---|
Бр. | Наслов | Текст | Музика | Првично издание | Траење |
1. | „No More Mr. Nice Guy“ (во оригинална изведба на Алис Купер) | Алис Купер, Мајкл Брус | Купер, Брус | Шокер (1989) | 3:02 |
2. | „Breakpoint“ | Дајв Мастејн, Дејвид Елефсон, Ник Менза | Мастејн, Елефсон, Менза | Супер Марио (1993) | 3:29 |
3. | „Go to Hell“ | Мастејн, Марти Фридмен, Елефсон, Менза | Мастејн, Фридмен, Елефсон, Менза | Лажното патување на Бил и Тед (1991) | 4:36 |
4. | „Angry Again“ | Мастејн | Мастејн | Последниот акционен херој (1993) | 3:47 |
5. | „99 Ways to Die“ | Мастејн | Мастејн | Бивис и Батхед (1993) | 3:58 |
6. | „Paranoid“ (во оригинална изведба на Блек Сабат) | Ози Озборн, Тони Ајоми, Гизер Батлер, Бил Ворд | Озборн, Ајоми, Батлер, Ворд | Nativity in Black (1994) | 2:32 |
7. | „Diadems“ | Мастејн | Мастејн | Витезот демон (1995) | 3:56 |
8. | „Problems“ (во оригинална изведба на Секс Пистолс) | Џони Ротен, Стив Џонс, Глен Матлок, Пол Кук | Rotten, Jones, Matlock, Cook | A Tout le Monde (1994) | 3:57 |
Вк. траење: |
29:06 |
Бонус песни од 2007 | ||
---|---|---|
Бр. | Наслов | Траење |
9. | „À Tout le Monde“ | 4:29 |
10. | „Symphony of Destruction“ (демо) | 5:29 |
11. | „Architecture of Aggression“ (демо) | 2:49 |
12. | „New World Order“ | 3:47 |
Наводи
уреди- ↑ Критички осврт кон албумот Allmusic Review