HD 203857
HD 203857 — доцен тип на џиновска ѕвезда од тип K во соѕвездието лебед, сместена на растојание за малку покусо од 920 светлосни години од Сонцето. За ѕвездата се смета дека е систем на видливи двојни ѕвезди од тип F и сјаен џин BDS 10966 A, иако е можно истите да не се гравитациски поврзани. Ѕвездата најверојатно поседува и вонсончева планета, која уште е непотврдена.
Податоци од набљудување Епоха J2000,0 Рамноденица J2000,0 | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед |
Ректасцензија | 21ч 21м | 46,81с
Деклинација | +37° 08′ | 10,2″
Прив. величина (V) | 6,45 |
Особености | |
Спектрален тип | K5III |
Астрометрија | |
Оддалеченост | ≈919,32 сг (282±50 пс) |
Податоци | |
Маса | 1,7 [1] M☉ |
Полупречник | 46-50[1] R☉ |
Сјајност | 513[1] L☉ |
Температура | 3.980[1] K |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
Подѕвезден придружник
уредиЕкипата на планетарната потрага Окајама бјавила труд подоцна во 2008 година каде се направени истражувања на промените во радијалната брзина набљудувани кај збир од развиени ѕвезди, со што се наговестува постоење на подѕвезден придружник во орбита на џинвската ѕвезда HD 203857.[1] Проценето е дека орбиталниот период изнесува 2,3 години, но сè уште постои потреба за да се потврди планетата.
Придружници | Маса | Голема полуоска (ае) |
Орбитален период (денови) |
Занесеност | Наклон | Полупречник |
---|---|---|---|---|---|---|
b (непотврдено) | ≥8.1 MJ | 2.1 | 836.8 | 0.3 | — | — |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Toyota; и др. (2008). „Radial Velocity Search for Extrasolar Planets in Visual Binary Systems“. Publications of the Astronomical Society of Japan. 61 (1): 19–28. Bibcode:2009PASJ...61...19T. doi:10.1093/pasj/61.1.19.