The Allman Brothers Band (транскрипција: Олман брадерс бенд) ― американска рок-група основана во Џексонвил, Флорида, во 1969 година.[3] Членови на групата биле: браќата Дуан Олман (слајд-гитара и водечка гитара) и Грег Олман (пејач, клавијатури, текстописец), како и Дики Бетс (водечка гитара, пејач, текстописец), Бери Окли (бас), Буч Тракс (тапани) и Џаи Џохани Јохансон (тапани). Потоа седиштето на групата го префрлиле во Мејкон, Џорџија. Нивните песни содржеле елементи на блуз, џез и кантри-музика.

The Allman Brothers Band
The musicians facing the camera
The Allman Brothers Band во мај 1969. Од лево кон десно, (назад) Дуан Олман и Грег Олман (напред) Буч Тракс, Дики Бетс, Бери Оукли и Џејмо.
Животописни податоци
ПотеклоЏексонвил, Флорида, САД
Жанрови
Период на активност
  • 1969–1976
  • 1978–1982
  • 1989–2014
Издавачи
Мреж. местоallmanbrothersband.com

Нивните први две студиски изданија, The Allman Brothers Band (1969) и Idlewild South (1970) (издадени од Capricorn Records), слабо се продавале, но се пробиле со нивното издание во живо од 1971 година, At Fillmore East. Албумот содржел проширени верзии од нивните песни „In Memory of Elizabeth Reed" и „Whipping Post“.

Водачот на групата Дуан Олман загинал во сообраќајна несреќа на 29 октомври 1971 година, а групата во негово сеќавање му го посветила албумот Eat a Peach (1972). Со овој двоен студиски албум во живо групата ја зацврстила својата популарност. На 11 ноември 1972 година, групата ги ангажирала клавијатуристот Чак Ливел и басистот Ламар Вилијамс за снимање на албумот Brothers and Sisters, издаден во 1973 година. Албумот ги содржел: хит-синглот „Ramblin' Man“ и инструменталната композиција „Jessica“, која станала радиска рок-класика и ја вивнало групата во првите редови на рок-музиката во 1970-тите. Поради внатрешни несогласувања групата се распаднала во 1976 година. Тие, со неколку кадровски промени, повторно се составиле кон крајот на истата деценија и повторно се распаднле во 1982 година.

Групата повторно се обединила во 1989 година, по што објавила низа нови албуми и често била на турнеи. Кон крајот на 1990-тите, Бетс ја напуштил групата. Во текот на 2000-тите поставата на групата била стабилна: со басистот Отеил Барбриџ и гитаристите Ворен Хејнс и Дерек Тракс (внук на нивниот оригинален тапанар). Групата станала позната по тоа што секоја пролет одржувале едномесечни концерти во њујоршкиот театар „Бикон“. Групата се повлекла од музиката по прошталниот концерт во театарот „Бикон“ во октомври 2014 година.

Буч Тракс починал од самонанесена прострелна рана на 24 јануари 2017 година, во Вест Палм Бич, Флорида, на 69-годишна возраст. Грег Олман починал од компликации од рак на црниот дроб на 27 мај 2017 година, во неговиот дом во Џорџија, исто така на 69 години. Дики Бетс починал на 18 април 2024 година, на 80-годишна возраст, од рак и хронична опструктивна белодробна болест.

Групата имала седум златни и четири платинести албуми.[4] Во 1995 година била примена во Куќата на славата на рокенролот. Во 2004 година, списанието Ролинг Стоун ги ставило на 52-ро место на нивниот список од „100 најдобри музичари на сите времиња“. [5]

Дискографија

уреди

The Allman Brothers Band повеќе акцент ставале на нивните настапи во живо отколку на албумите. „Некако сме фрустрирани кога снимаме [во студио]“, рекол Дуан Олман во 1970 година.[6] Затоа, овој список ги содржи сите студиски албуми и поголеми изданија во живо (неколку други изданија во живо биле издадени ретроспективно).[7]

  • The Allman Brothers Band (1969)
  • Idlewild South (1970)
  • At Fillmore East (1971, live)
  • Eat a Peach (1972, part live)
  • Brothers and Sisters (1973)
  • Win, Lose or Draw (1975)
  • Wipe the Windows, Check the Oil, Dollar Gas (1976, во живо)
  • Enlightened Rogues (1979)
  • Reach for the Sky (1980)
  • Brothers of the Road (1981)
  • Seven Turns (1990)
  • Shades of Two Worlds (1991)
  • An Evening with the Allman Brothers Band: First Set (1992, во живо)
  • Where It All Begins (1994)
  • An Evening with the Allman Brothers Band: 2nd Set (1995, во живо)
  • Peakin' at the Beacon (2000, во живо)
  • Hittin' the Note (2003)
  • One Way Out (2004, во живо)

Наводи

уреди
  1. „The Allman Brothers Band – Biography – AllMusic“. AllMusic. Посетено на September 19, 2014.
  2. Greene, Andy (March 25, 2015). „Readers' Poll: The 10 Best Jam Bands“. Rolling Stone. Посетено на July 26, 2021.
  3. Matt Soergel, Matt (Feb 21, 2019). „Allman Brothers Band began in old house on Riverside Avenue“. The Florida Times-Union (англиски). GateHouse Media. Архивирано од изворникот на April 18, 2019. Посетено на 7 September 2019.
  4. „Gold & Platinum – RIAA“. Recording Industry Association of America. Посетено на March 30, 2017.
  5. „The Immortals“. Rolling Stone Issue 946. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на May 17, 2009. Посетено на April 10, 2012.
  6. Poe 2008.
  7. Strong, Martin C. (2000). The Great Rock Discography (5th. изд.). Edinburgh: Mojo Books. стр. 14–16. ISBN 1-84195-017-3.

Надворешни врски

уреди