Мексикански крокодил
Мексикански крокодил | |
---|---|
Мексикански крокодил | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Влекачи |
Ред: | Crocodilia |
Семејство: | Crocodylidae |
Род: | Crocodylus |
Вид: | C. moreletii |
Научен назив | |
Crocodylus moreletii | |
Распространетост на Crocodylus moreletii |
Мексиканскиот крокодил (Crocodylus moreletii) познат и под името Морлетов крокодил — релативно мал крокодил кој живее во Мексико. Најчесто расте до 3 метри во должина, и припаѓа во групат на загрозени видови.
Историја
уредиМорлетовиот крокодил е откриен во Мексико во 1850 година и е именуван по францускиот биолог Пјер-Мари Артур Морлет[1]. Поради слични одлики долго време бил поистоветуван со Американскиот крокодил и со Кубанскиот крокодил. Дури во 1920-тите научниците ги идентифицирале како комплетно различни видови[2].
Особености
уредиМексиканскиот крокодил е релативно помал од останатите крокодили. Мажјаците се поголеми од женките (види полов диморфизам)[2]. Возрасен крокодил може да достигне должина од помеѓу 3и 4,2 метри[3], големина слична на таа на американскиот и кубанскиот крокодил.
Овој вид има одредени одликки кои овозможуваат негова лесна идентификација. Има многу широка муцка[2] со 66 до 68 заби кај возрасна единка[1]. Забите на двете вилици, и горната и долната, им се совршено порамнети[2]. Четвртиот заб на долната вилица е видлив дури и кога устата на крокодилот е затворена, бидејќи овој заб е малку поголем од останатите[2].
Ноздрите се наоѓаат на врвот на муцката, позади нив се наоѓаат очите, па ушите, сите три се наоѓаат на врвот на главата. Оваа градба им овозможува да мирисаат, гледаат и слушаат дури и кога се речиси целосно под вода[2]. Крокодилите можат да гледаат под вода благодарение на трепкачка ципа која го обвиткува окото[2].
Мексиканскиот крокодил има томно сива-кафеава боја[1]. Имаат темни белези и точки на телото и опашката[1]. Иако изгледаат доста слично на Американскиот крокодил, овој вид е со малку потемна боја[1]. Младите крокодили имаат жолта боја и темни дамки[2]. Ирисот на овие крокодили е со сребренкасто-кафеава боја[1]. Мексиканскиот крокодил како и останатите кватриподи има 4 нозе. На задните нозе има и пловна кожичка која им помага при пливањето. Крокодилите се доста силни животни, со силни мускули кои им овозможуваат нагли движење. Тие се исто така можат и да трчаат доста брзо.
Живеалиште
уредиМексиканскиот крокодил го среќаваме во слатководни живеалишта во Средна Америка и во долж на Мексиканскиот Залив низ Белиз, Гватемала и до Мексико[1]. Овие крокодили претпочитаат слатководни живеалишта каде лесно можат да се изолираат. Ги среќаваме во слатководните мочуришта и бари кои се наоѓаат во внатрешноста на земјата, и во големите реки и езера[1]. Сите живеалишта на овиe крокодили се со бујна вегетација која ја користат за криење.
Мексиканскиот крокодил го среќаваме исто така и во крајбрежни живеалишта[2]. Во овие предели солената вода од морето се меша со слатката вода од внатрешноста. Во овие предели живеалиштето е малку поинакво отколку во внатрешноста на копното. Мексиканските крокодили живеат и во тревестите савани на полуостровот Јукатан[4]. Крокодилите се пораспространети за време на дождливата сезона кога има големи поплави кои им овозможуваат полесно движење[4]. За време на сувата сезона возрасните единки копаат дувла[1]. Живеалиштето на овој вид, на некои места се препокрива со живеалиштето на американскиот крокодил, поради што често се прави забуна помеѓу двата вида[2].
Исхрана
уредиКрокодилите се месојади и јадат големи количини месо. Тие го ловат нивниот плен со употреба на карактеристични техники на лов. Крокодилите го убиваат својот плен со тоа што го зграпчуваат со моќните вилици, а потоа го одвлекуваат во водата за да се удави.
Додека се млади и немоќни да ловат поголеми животни, крокодилите се хранат со риби и инсекти[5]. Крокодилите ловат мали цицачи (каде спаѓаат домашни животни од типот на мачка и куче, како и некои диви животни), птици и други влекачи[3]. Мексиканските крокодили се и канибали, што значи дека се случува да си ги јадат младенчињата[2].
Размножување
уредиПарењето најчесто се случува за време на април и јуни[4]. Женката носи помеѓу 20 и 45 јајца[1]. Гнездата се во близина на вода и обично младите крокодили излегуваат од јајцата после 80 дена инкубација[4]. Јајцата се закопани во гнездата кои се бранети од двата родитела. Кога младите крокодили ќе излезат од јајцата, женките ги земаат и ги префрлаат до водата.
Заштитен статус
уредиМексиканскиот крокодил долго време бил загрозен од уништувањето на природното живеалиште и нелегалниот лов[6]. Поради овие две причини бројноста на популациите значително е намалена. Поради квалитетот на нивната кожа, овие крокодили биле многу ловени за време на 1940-тите и 1950-тите[6]. Кожата се користи за правење паричници, чевли и мантили.
Покрај ловот и уништување на живеалиштето, мексиканскиот крокодил е загрозен и поради други фактори. Младите крокодили се често плен на птици, желки и змии[4]. Регистрирани се случаи и на ракуни кои ги откопуваат гнездата и ги јадат јајцата на крокодилите[4].
Мексиканскиот крокодил е загрозен вид[4]. Организација која е најангажирана за заштита на крокодилите е „Crocodile Specialist Group“ која е формирана во 1971 година[7]. Ова е светски позната организација составена од биолози и други специјалисти кои се борат за заштита на 23 вида на крокодили и алигатори. „Crocodile Specialist Group“ ја набљудува трговијата со крокодилски кожи[7], и помагаат во откривање на ловокрадството. Кога започнала со работа оваа организација, сите крокодилски видови биле загрозени[7], денес некои од овие статуси се променети.
Наводи
уреди- ↑ 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 Britton, Adam. "Crocodylus Moreletii." Crocodilians Natural History and Conservation. 2002. <http://www.flmnh.ufl.edu/cnhc/csp_cmor.htm >
- ↑ 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 "Morelet's Crocodile." Angel Fire. 15 мај 2003. <http://www.angelfire.com/mo2/animals1/crocodile/morelet.html>
- ↑ 3,0 3,1 "Morelet's Crocodile." Belize Zoo. 2007. <http://www.belizezoo.org/zoo/zoo/herps/cro/cro1.html Архивирано на 13 октомври 2007 г.>
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 Navarro, Carlos. “The Return of the Morelet’s Crocodile.” Reptilia. <http://www.reptilia.net/articulos_ing/036.pdf Архивирано на 4 март 2016 г.>
- ↑ "Freshwater Crocodile." Australia Zoo. <http://www.australiazoo.com.au/our-animals/amazing-animals/reptiles/?reptile=crocodilians&animal=freshwater_crocodile#Mr%20Freshy Архивирано на 27 февруари 2014 г.>
- ↑ 6,0 6,1 "Crocodylus Moreletii." Florida Museum. <http://www.flmnh.ufl.edu/natsci/herpetology/act-plan/cmore.htm>
- ↑ 7,0 7,1 7,2 King, F. "The Crocodile Specialist Group." Crocodile Specialist Group. 4 Mar. 2002. <http://www.flmnh.ufl.edu/herpetology/Crocs.htm Архивирано на 28 декември 2007 г.>