Коноп
Коноп | |
---|---|
Обичен коноп | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Оддел: | Скриеносеменици |
Класа: | Дикотиледони |
Ред: | Розовидни |
Семејство: | Конопи |
Род: | Коноп L. |
Видови | |
Cannabis sativa L.[1] (обичен коноп) |
Коноп или канабис (науч. Cannabis) — едногодишно растение, род на цветни растенија од семејството конопи (Cannabaceae). има три вида, Cannabis sativa (обичен коноп), Cannabis indica и Cannabis ruderalis[1].[2] Овие три вида се со потекло од Средна Азија и јужна Азија.
Потекло на поимот
уредиЗборот „канабис“ доаѓа од грчкиот „κάνναβις“ којшто влече корени од древниот ирански, преку Скитите или Тракијците, сроден на персискиот назив „канаб“. Во различни јазици има различни имиња, во македонскиот јазик често се нарекува „трева“ заради неговиот изглед на трева и неговата зелена боја.
Одгледување
уредиОдгледувањето на конопот Македонија влече долги корени во историјата така што ова растение успешно успева и на нашите простори и тоа во пределите со поголем процент на влага или покрај водотеци и акумулации.
Сеењето на конопот е кон крајот на март и средината на април. Копот е двополно растение со машка и женска единка. Машкото растение може да се препознае по тоа што има понизок раст од женското и листовите се потесни, додека женското растение е високо и со широки лисја, често нејзината висина може да премине и преку четири метри, зависно од видот на конопот (сативата е највисока).
Висината на растението е важна заради должината на влакната коишто подоцна се добиваат од стеблото. Почетна температура на `ртење е некаде околу +10 °С. Конопот е топлољубиво растение и идеална температура за негов развиток е преку +15 °С. Конопот е растение коешто има голема потреба од сонце, така што за правилен развиток на едно здраво растение му се потребни најмалку шест часа директна сочева светлина (идеални услови). Просечен развој на растението е 6-8 месеци кога и се собира за понатамошна обработка. При одгледувањето на конопот тој има голема потреба од наводнување. Се одликува со јак вретеновиден корен, цврсто право стебло коешто со тек на време задрвенува (ако се одгледува повеќегодишно). Конопот најчесто се одгледува како едногодишно растение заради квалитетот на стеблото и вискозноста на влакното кај едногодишното растение, има случаи каде тоа се одгледува како повеќегодишно но тука веќе се губи неговата индустриска употреба, односно опаѓа вискозноста на влакното во стеблото.
Хемиски својства
уредиКанабисот има над 400 фитокомпоненти од кои најмалку 60 се канабиноиди, како и терпени флавоноиди, фитостероли, омега-масни киселини (омега 3, омега 6 и омега 9), а содржи и аминокиселини, азотни соединенија, гликозиди, витамини (А, В1, В2, В6, С, D, Е, фолна киселина), пигменти, и алкани соединенија.[3]
Употреба
уредиВо современата медицна конопот со своето дејство на транс-халуциногениот канабинол наоѓа примена во лекувањето, ублажување на ефектите на СИДА, рак и др неизлечиви болести. Исто така, во историските анали на македонскиот народ и традиција ова растение било одгледувано на многу места на територијата на Република Македонија заради цврстината на влакната коишто се добиваат од стеблото на зрелото растение за правење на најразлични производи. За таа намена се одгледувало Cannabis sativa (обичен коноп) којшто има незначителна содржина на ТХЦ. Тука како најзначајни можат да се истакнат македонските традиционални черги, потоа се правеле вреќи, теписи и најразлични покривачи, облека, јажиња и сл. Еден од позитивните ефекти на користењето на ова растение а коешто е научно докажано е дека ТХЦ-то ги намалува ризиците од заболување од глаокум (очна болест),додека сѐ уште нема докази дека го оштетува мозокот.Ова растение најчесто се среќавало во Македонија покрај големите водотеци заради начинот на преработка на стеблото. Дејството на ова растение во Република Македонија во минатото не било непознато, така во записите на историјата на стоматологијата може да се најдат семињата на ова растение кои се употребувале како лек за ублазување на забоболки со тоа што би се ставила семката на болното место.
Ова растение исто така се употребува и како лесна дрога и е распространета ширум светот,се употребува цветот на женското растение како и неговите лисја. Може да се најде како сушено растение, конопово масло, хашиш и сл. Употребата на конопот за овие намени во Македонија се казниви и конопот е забранет во сите негови облици. Семето од коноп наоѓа примена и во исхрана на птици како еден од клучните елементи во исхраната заради големиот процент на масло во семето.
Конопот како тема во уметноста и во популарната култура
уредиКонопот се јавува и како тема во уметноста и во популарната култура:
Поврзано
уредиИзвори
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Информации за Cannabis sativa од NPGS/GRIN“. www.ars-grin.gov. Посетено на 13 јули 2008. (англиски)
- ↑ „Масло од канабис: како дејствува и што може да излечи?“, Фокус, број 1081, 24 јуни 2016, стр. 52.
- ↑ „Масло од канабис: како дејствува и што може да излечи?“, Фокус, број 1081, 24 јуни 2016, стр. 52.
- ↑ „Белешка за писателот“, во: Т. М. Плаут, Скржавецот (Аулулариа). Скопје: Детска радост, 2013, стр. 133-134.