Гликозид

(Пренасочено од Гликозиди)

Гликозидите се ацетали во кои водородот од полуацеталната група е заменет со алкилен остаток. Гликозидите настануваат при реакција на полуацеталната група од моносахаридите со различни алкохоли, феноли и карбоксилни киселини.

Структура на гликозидот салицин

Гликозидите се доста распространети во растителниот свет, а познати се и животински гликозиди. Во гликозиди спаѓаат многу важните за исхраната на луѓето и животните олигосахариди и полисахариди, потоа фармаколошки активните гликозиди кои ја стимулираат работата на срцето, претставуваат пигменти во цвеќињата, влегуваат во состав на природните бои (како индигото), и најпознатите животински гликозиди - цереброзидите.

Видови гликозиди

уреди

Соединението кое стапува во реакција со моносахаридот се вика агликон, а настанатата врска се нарекува гликозидна врска. Таа може да настане и помеѓу две молекули на моносахариди, кога полуацеталната група од еден јаглехидрат реагира со хидроксилната група од друг. Во ваков случај и агликонот е шеќер (јаглехидрат) и ваквите гликозиди се нарекуваат холозиди, за разлика од хетерозидите кај кои агликонот не е шеќер.

Според гликонот/присуството на шеќер

уреди

Ако гликонот на гликозидот е гликоза, тогаш молекулата е гликозид; ако е фруктоза, тогаш молекулата е фруктозид; ако е гликуронска киселина, тогаш молекулата е гликуронид; итн. Во организмот, токсичните супстанци често се врзуваат за гликуронската киселина со цел да се зголеми нивната растворливост во вода; добиените гликурониди потоа се излачуваат.

Според агликонот

уреди

Кумарински гликозиди

уреди

Цијаногени гликозиди

уреди

Флавоноидни гликозиди

уреди

Фенолни гликозиди

уреди

Кај овие соединенија агликонот има фенолна структура. Пример за фенолен гликозид е арбутинот присутен во мечкиното грозје (Arctostaphylos uva-ursi). Има уроантисептично дејство.

Сапонини

уреди

Иридоидни гликозиди

уреди

Овие соединенија содржат иридоидна група; на пр. аукубин, генипозидинска киселина, тевиридозид, логанин, каталпол.