BD+40° 4210
BD+40° 4210 — жешка сјајна џиновска ѕвезда сместена во соѕвездието Лебед. Станува збор за ѕвезда од здружението Лебед OB2 и кандидат за променлива сјајна сина ѕвезда.
Податоци од набљудување Епоха J2000,0 Рамноденица J2000,0 | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед |
Ректасцензија | 20ч 31м [1] 04,659с |
Деклинација | +40° 30′ [1] | 56,93″
Прив. величина (V) | 10,45[2] |
Особености | |
Спектрален тип | B1III:e[1] |
Привидна ѕвездена величина (K) | 4,466[3] |
Привидна величина (J) | 5.469[3] |
Привидна величина (H) | 4.833[3] |
B−V Боен показател | 1,68[2] |
Променлив тип | Кандидат за cLBV[1] |
Астрометрија | |
Сопствено движење (μ) | Рект: −3,1731 ± 0,097[4] млс/г Дек.: −4,612 ± 0,114[4] млс/г |
Паралакса (π) | 0.6530 ± 0.0568[4] млс |
Оддалеченост | 5.000 ± 400 сг (1.500 ± 100 пс) |
Апсолутна величина (MV) | -7,66[1] |
Податоци | |
Маса | 54[1] M☉ |
Полупречник | 55,9 R☉ |
Сјајност (болометриска) | 630,000[5] L☉ |
Температура | 21.353[1] K |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
Одлики
уредиBD+40° 4210 е крајно зацрвенета и згасната ѕвезда поради вселенската прашина од Млечниот Пат и од оваа причина не е доволно истражена. Се утврдило дека станува збор за една од најсјајните ѕвезди во здружението Лебед OB2, со апсолутна величина од -7,66 и болометриска сјајност повеќе од 600.000 пати од онаа на Сонцето. Според спектралната класификација станува збор за ѕвезда од спектрален тип B1III, но со некои недостатоци меѓу кои плитки линии и широкопојасно оддавање. И покрај џиновската сјајна класа,сјајноста е крајно висока, сместувајќи ја во близина на S Златна Рипка нестабилен појас исполнет со променливи сјајни сини ѕвезди. Нејзиниот сјај се менува за величина 0,1 за временски период од 100 денови.[1]
BD+40° 4210 е со местоположба 4,8 парсеци од ѕвездата кандидат за променлив сјаен син џин G79.29+0.46 и веројатно на исто растојание од Земјата, бидејќи и за двете се претпоставува дека се членови на Лебед OB2; сепак, за разлика од другата ѕвезда која е опколена со широка налик на прстен маглина, околу BD+40° 4210 не постои маглина.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 Comerón, F.; Pasquali, A. (2012). „New members of the massive stellar population in Cygnus“. Astronomy & Astrophysics. 110: 2715. Bibcode:2012A&A...543A.101C. doi:10.1051/0004-6361/201219022.
- ↑ 2,0 2,1 Høg, E.; Fabricius, C.; Makarov, V. V.; Urban, S.; Corbin, T.; Wycoff, G.; Bastian, U.; Schwekendiek, P.; Wicenec, A. (2000). „The Tycho-2 catalogue of the 2.5 million brightest stars“. Astronomy and Astrophysics. 355: L27. Bibcode:2000A&A...355L..27H. doi:10.1888/0333750888/2862.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Cutri, R. M.; Skrutskie, M. F.; Van Dyk, S.; Beichman, C. A.; Carpenter, J. M.; Chester, T.; Cambresy, L.; Evans, T.; Fowler, J.; Gizis, J.; Howard, E.; Huchra, J.; Jarrett, T.; Kopan, E. L.; Kirkpatrick, J. D.; Light, R. M.; Marsh, K. A.; McCallon, H.; Schneider, S.; Stiening, R.; Sykes, M.; Weinberg, M.; Wheaton, W. A.; Wheelock, S.; Zacarias, N. (2003). „VizieR Online Data Catalog: 2MASS All-Sky Catalog of Point Sources (Cutri+ 2003)“. VizieR On-line Data Catalog: II/246. Originally published in: 2003yCat.2246....0C. 2246: 0. Bibcode:2003yCat.2246....0C.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Brown, A. G. A.; и др. (Gaia collaboration) (август 2018). „Gaia Data Release 2: Summary of the contents and survey properties“. Astronomy & Astrophysics. 616. A1. arXiv:1804.09365. Bibcode:2018A&A...616A...1G. doi:10.1051/0004-6361/201833051. Запис на DR2 од „Гаја“ за овој извор на VizieR.
- ↑ http://www.sciops.esa.int/SD/ESACFACULTY/docs/seminars/160212_Comeron.pdf Архивирано на 3 март 2016 г. In and around the rich association Cygnus OB2