Астероид од типот V
Астероиди од типот V или вестоиди — тип на астероиди од спектрален тип како 4 Веста. Околу 6 % од астероидите во главниот појас се вестоиди, при што Веста е далеку најголемата од сите нив. Тие се релативно сјајни и прилично слични на позастапените астероиди типот S; второспоменатите исто така се сочинети од каменести железа и обични хондрити, но типот V содржи повеќе пироксен од типот S.
Голем дел од вестоидите имаат орбитални елементи слични на Веста, или доволно блиску за да се дел од Вестиното семејство, или со слична занесеност и наклон, но голема полуоска помеѓу 2,18 ае и Керквудовиот јаз од 3:1 на 2,50 ае. Ова упатува дека тие потекнуваат од кората на Веста. Постојат две населенија на вестоиди — едниот настанат пред 2 милијарди години, а другиот пред милијарда години, и доаѓаат од огроммните кратери Вененеја и Рејасилвија.[1][2] Парчињата кои завршиле во резонанција од 3:1 со Јупитер излегле од Керквудовиот јаз со растројување, па некои откршоци удриле во Земјата како ХЕД-метеорити.
Електромагнетниот спектар има мошне силна впивна особина кон 0,75 μм, а друга околу 1 μм и малку покуса од 0,7 μм. Спектарот на видливи бранови должини кај астероидите од типот V (вклучувајќи ја самата 4 Веста) е сличен на спектрите кај базалтните ахондритни ХЕД-метеорити.
Типот J важи за астероидите со особено силен впивен појас од 1 μм сличен на диогенитните метеорити,[3] веројатно произлезени од подлабоките делови на кората на 4 Веста.
Распространетост
уредиОгромен дел од астероидите од типот V се членови на Вестиното семејство заедно со со самата Веста. Меѓу нив има и марсопресекувачи како 9969 Брај, и некои близуземски тела како 3908 Никта.
Има и тела од расеана група во околина на Вестиното семејство, но не се негови членови. Такви се:[4]
- 809 Лундија — кружи во подрачјето на Флориното семејство
- 956 Елиза
- 1459 Магнија — кружи во надворешниот астероиден појас, предалеку од Веста за да биде од тоа потекло. Може да е остаток од друго старо тело кое одамна се распаднало.
- 2113 Ердни
- 2442 Корбет
- 2566 Киргизија
- 2579 Спартак — содржи значаен удел на оливин, што може да значи дека потекнува од подлабок дел на Веста споредено со другите вакви астероиди.
- 2640 Хелстрем
- 2653 Принципија
- 2704 Џулијан Леве
- 2763 Џинс
- 2795 Лепаж
- 2851 Харбин
- 2912 Лапалма
- 3849 Инцидентија
- 3850 Пелтје — кружи во подрачјето на Флориното семејство
- 3869 Нортон
- 4188 Китеж
- 4278 Харви — член на Баптистининото семејство.
- 4434 Никулин
- 4796 Луис
- 4977 Раутгундис
- 5379 Абехироши
Близуземски астероиди од типот V
уредиНекои близуземски астероиди се од спектрален тип V и скратено се нарекуваат V-БЗА. Тие удираат во Земјата еднаш на 12 милиони години, со потенцијал да предизвикаат катастрофи од регионални до светски размери. Знаат да направат кратери до 30 км во пречник, ослободувајќи кинетичка енергија од 3 мегатони. Оваа енергија е речиси 6 милиони пати поголема од експлозијата над Чељабинск во 2013 г. Венера, Марс и Месечината примаат удари од V-БЗА на секои 22, 125 и 168 милиони години. Два кратера произведени со удар од вакви тела се Стангвејс (24 км во пречник) во Австралија и Николсон (12,5 км во пречник) во Канада. Некои V-БЗА имаат орбити слични на метеоритот од Банбура.[5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Two craters that launched 1000 meteorites“. New Scientist. 11 мај 2012.
- ↑ S. J. Bus; R. P. Binzel (2002). „Phase II of the Small Main-belt Asteroid Spectroscopy Survey: A feature-based taxonomy“. Icarus. 158 (1): 146. Bibcode:2002Icar..158..146B. doi:10.1006/icar.2002.6856. Занемарен непознатиот параметар
|name-list-style=
(help) - ↑ R. P. Binzel; S. Xu (1993). „Chips off of asteroid 4 Vesta: Evidence for the parent body of basaltic achondrite meteorites“. Science. 260 (5105): 186–91. Bibcode:1993Sci...260..186B. doi:10.1126/science.260.5105.186. PMID 17807177. Занемарен непознатиот параметар
|name-list-style=
(help) - ↑ V. Carruba; и др. (2005). „On the V-type asteroids outside the Vesta family“. Astronomy & Astrophysics. 441 (2): 819–829. arXiv:astro-ph/0506656. Bibcode:2005A&A...441..819C. doi:10.1051/0004-6361:20053355.
- ↑ Galiazzo, M. A.; Silber, E. A.; Bancelin, D.; и др. (2016). „V-type Near-Earth asteroids: dynamics, close encounters and impacts with terrestrial planets“. Astronomische Nachrichten. 338 (4): 375–384. arXiv:1610.04786. Bibcode:2017AN....338..375G. doi:10.1002/asna.201613273.