180. меридијан
180. меридијан (наречен и „антимеридијан“) — меридијанот кој лежи 180° источно или западно од нултиот меридијан што минува низ Гринич, Англија. Тој е заеднички за источната и западната географска ширина. Се користи како основа за меѓународната датумска граница бидејќи минува главно низ отворените водни пространства на Тихиот Океан. Но линијата минува и копнено, и тоа низ Русија, Фиџи и Антарктикот.
Започнувајќи од Северниот Пол, па јужно сè до Јужниот Пол, 180. меридијан минува низ:

180° меридијан во Тавеуни, Фиџи
Овој меридијан исто така минува помеѓу (но не особено блиску до):
- Гилбертовите Острови и островите Феникс,
Кирибати;
- помеѓу Северниот Остров и островите Кермадек,
Нов Зеланд;
- помеѓу островите Баунти и Четемските Острови,
Нов Зеланд.