Шуховска кула
Шуховска кула (руски: Шуховская башня), познатa и каkо кула Шаболовка – радиокула во Москва. Споменик на архитектурата и објект на светското наследство.
Шуховска кула | |
---|---|
Кулата во 2007 година | |
Општи податоци | |
Стил | конструктивистичка архитектура |
Град | Москва |
Темелот удрен | 1920 |
Завршена | 1922 |
Висина | |
Завршеток | 160 м (525 ст) |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Владимир Шухов |
Оваа кула е 160-метарски слободностоечка челична рамка од револуционерни хиперболоиди. Градена е од 1920 до 1922 година, као радиопредавател за пренос на сигнал ширум Русија.
Градена е како хиперболоидна структура (поточно, како хиперболоидна лушпа).
Географска положба
уредиСе наоѓа на 55°43'02" северна географска ширина и 37°36'41" источна географска должина.
Историја
уредиВеличествената кула, една од околу 200 кои ги дизајнирал Владимир Глигориевич Шухов, изворно била проектирана да биде со висина од 350 метри, но оскудицата од челик во граѓанската војна во РУсија довеле до тоа изворната проектирана висина морала да се смали на 160 метри. Шухововите методи биле и иновативна: кулата била подигната според негова сопствена телескопска метода на склопување.
Шуховската кула има елегантна оригинална конструкција, заради која трпи минимални налети на ветар, кој е главна опасност за високите градби. Отворената челична конструкција ги комбинира снагата и леснотијата: по единица висина за Шуховската кула се користи трипати помалку челик во однос на Ајфеловата кула. За првобитниот проект на кулата од 350 метри проценетата маса била само 2200 тона, додека 300-метарската Ајфелова кула е тешка околу око 7300 тона.
Радиопредавателот почна со работа на 19 март 1922 година.
Шуховската кула е прогласена за споменик на архитектурата. На меѓународната конференција „Heritage at Risk. Зачувување на архитектурата на 20 век и светското наследство“ која била одржана во 2006 година во Москва, Шуховската кула со својата единствена конструкција е призната како ремек-дело на руската авангардна архитектура и објект на светското наследство.
Се наоѓа на „улица Шаболовка 37", според која кулата го добил своето неслужбено име. Не е достапна за туристите.
Шуховската кула никогаш не била реставрирана и не е адекватно заштитена од корозија.
Галерија
уреди-
Шуховската кула ноќе, 2007.
-
Поглед на внатрешноста од горната платворма, 2007.
-
Шуховската кула
-
Кулата се наоѓа зад бодликава жица, 2007.
-
Отсутство од антикорозивна заштита и рѓа на конструкцијата на кулата, 2007.
-
Отсутство од антикорозивна заштита и рѓа на конструкцијата на кулата, 2007.
-
Шуховската кула
Поврзано
уредиНекои од градбите кај кои е применета Шуховската хиперболоидна структура:
- Шуховска кула на Ока, притока на Волга кај градот Нижни Новгород
- Шуховска кула во Кобе во Јапонија
- Кадишки столбови во Кадишкиот Залив (Кадис, Шпанија)
- 610-метарска Шуховска кула во градот Гуангџоу во Кина
- Шуховска кула во Цирих
Извори
уреди- Brumfield, William Cruft. The Origins of Modernism in Russian Architecture, Berkeley, University of California Press, 1991.
- Rainer Graefe Архивирано на 22 ноември 2007 г.: “Vladimir G. Šuchov 1853-1939 - Die Kunst der sparsamen Konstruktion.”, S.192, Stuttgart, DVA, 1990.
- Daniel Engler Штедлива конструкција
Надворешни врски
уреди„Шуховљев торањ“ на Ризницата ? |
- Шуховска кула - видео
- Фондација Шуховска кула
- Изум хиперболоидни структури
- Како да се спаси Шуховската кула
- Историја на московскиот телецентар Архивирано на 11 февруари 2010 г.