Шлезвиг-Фленсбург
Шлезвиг-Фленсбург (германски: Schleswig-Flensburg; дански: Slesvig-Flensborg) — округ во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија.
Шлезвиг-Фленсбург Kreis Schleswig-Flensburg | |||
---|---|---|---|
округ | |||
Земја | Германија | ||
Покраина | Шлезвиг-Холштајн | ||
Седиште | Шлезвиг | ||
Површина | |||
• Вкупна | 2.072 км2 (800 ми2) | ||
Население (31 декември 2022)[1] | |||
• Вкупно | 206.038 | ||
• Густина | 99/км2 (260/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Рег. таб. | SL | ||
Мреж. место | schleswig-flensburg.de |
Округот се граничи со (од југ надесно) окрузите Рендсбург-Екернферде, Дитмаршен и Северна Фризија, регионот Јужна Данска во Данска, слободниот град Фленсбург и Балтичкото Море.
Историја
уредиПишаната историја во областа започнува околу 800 година, кога била основана викиншка населба Хаитхабу. Подоцна, соседниот град Шлезвиг го презел местото на Хаитхабу и станал моќен град во текот на XI век. Подоцна, ја загубил својата моќ од страна на Либек.
Округот бил основан во 1974 година со спојување на поранешните окрузи Фленсбург-Ланд и Шлезвиг. Поради близината на Данска и историјата на областа, постои голем дел на Данци.
Географија
уредиОбласта е главно рамна. Шлај, фјорд на Балтичкото Море, е јужната граница на округот. Сета земја северно од Шлај и јужно од Фленсбург се смета за дел од полуостровот Ангелн. Ангелн бил древен дом на Германите, познати и како Англи, кои се преселиле во Англија во текот на раниот среден век.
Грб
уредиГрбот прикажува два лава, претставувајќи го старото војводство Шлезвиг. Најдолу на грбот постои брановита линија, која го претставува Балтичкото Море и фјордовите. |
Градови и општини
уредиСлободни градови | Слободни општини |
---|---|
Општински заедници | ||
---|---|---|
|
|
|
1седиште на општинската заедница;2град |
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Шлезвиг-Фленсбург на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)