Шлај
Шлај (германски: Schlei; дански: Slien) — тесен морски ракав на Балтичкото Море во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, во северна Германија.
Се протега 42 километри од Балтичкото Море близу Капелн и Арнис до градот Шлезвиг. Долж Шлај постојат бројни мали заливи и мочуришта. Го одвојува полуостровот Ангелн на север од полуостровот Шванзен на југ. Просечно неговата широчина изнесува 1,3 километри и просечна длабочина од 3 метри. Водата во ракавот е соленикава, односно мешавина на питка и морска вода.
Важното викиншко место Хедеби се наоѓало на крајот на фјордот, но подоцна било напуштено во корист на градот Шлезвиг. Денес, постои музеј на местото, раскажувајќи ја приказната на напуштениот град.
54°35′N 9°50′E / 54.59° СГШ; 9.83° ИГД
Оваа статија за место во Шлезвиг-Холштајн е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |