Гликсбург (Балтичко Море)

град во Шлезвиг-Холштајн, Германија

Гликсбург (германски: Glücksburg; дански: Lyksborg; долногермански: Glücksborg) — мал град во округот Шлезвиг-Фленсбург, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Градот се наоѓа на полуостровот Ангелн, на самиот Фленсбуршки Фјорд, во близина на градот Фленсбург. Претставува најсеверен град на Германија.

Гликсбург
Замок Гликсбург
Замок Гликсбург
Грб на Гликсбург
Гликсбург (Балтичко Море) is located in Германија
Гликсбург (Балтичко Море)
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Шлезвиг-Фленсбург
Градоначалник Кристина Франке (независна)
Основни податоци
Површина 39,70 км2
Надм. височина 19 м
Население 6.124 (31 декември 2018)[1]
 - Густина 154 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SL
Пошт. бр. 24960
Повик. бр. 04631
Портал stadt.gluecksburg.de
Местоположба на градот Гликсбург во рамките на округот Шлезвиг-Фленсбург
Карта
Координати 54°50′1″N 9°33′0″E / 54.83361° СГШ; 9.55000° ИГД / 54.83361; 9.55000Координати: 54°50′1″N 9°33′0″E / 54.83361° СГШ; 9.55000° ИГД / 54.83361; 9.55000

ГеографијаУреди

 
Воздушна слика на градот Гликсбург (Балтичко Море) на Фленсбуршкиот Фјорд со водениот замок (сликано во 2012 г.)

Се наоѓа на јужната страна на Фленсбуршкиот Фјорд, теснец во Балтичкото Море, околу 10 километри североисточно од Фленсбург.

Гликсбург е дом на база на Германската морнарица.

Градски единициУреди

Гликсбург се состои од градот Гликсбург со неговите градски делови Зандвиг, како и Бремсберг и Улштрупфелд. Со цел проширување на градот, местото Ридехек влегло во рамките на градот. Покрај овие, постојат и селата Мајервик, Шаузенде, Холнис, Бокхолм и Искирзанд.[2][3]

Градот Гликсбург од шеесеттите години инвестирал во Штатаусбау-Ост, каде настанала градската четврт Бремсберг. Денес, живеат околу 1.000 жители во населбата.

ИсторијаУреди

Градот бил првично седиште на семејството Шлезвиг-Холштајн-Зондербург-Гликсбург (или само Гликсбург), од 1863 година кралското семејство на Данска и од 1905 година на Норвешка. Дел на семејството на поранешното кралско семејство на Грција, која го вклучува принцот Филип, војвода од Единбург. Негови наследници, вклучувајќи го Чарлс, принц на Велс, и Вилијам, војвода на Кембриџ, се членови на Виндзорската династија, но генеалошки се членови на дел од Гликсбуршката династија.

Меѓународни односиУреди

Збратимени градовиУреди

Гликсбург е збратимен со следниве градови:

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди