Шепсескаре или Шепсескара (египетски „Благородна е душата на Ра“)[15] бил древно египетски фараон, четврт или петти владетел на Петтата династија (2494-2345 п.н.е.) за време на Старото Кралство. Шепсескаре живеел во средината на 25 век п.н.е. и веројатно бил сопственик на незавршена пирамида во Абусир, која била напуштена по неколку недели работа во најраните фази на нејзината изградба.

Шепсескаре
Сисирес
Цртеж од цилиндричен печат со четири колони на хиероглифи, од кои во две се чита „Секемкав“.
Цртеж на египтологот Дареси од бронзен печат со Хоровото име на Шепсескаре „Секемкав“.[1]
Фараон на Египет
ВладеелНепознато: најверојатно помалку од година[2][3][4][5] или седум години[6][7][8][9] кон средина на 25 век п.н.е.[б 1], Петта египетска династија
Претходникнепознато, Неферефре (најверојатно) или Нефериркаре Какаи
Наследникнепознато, Ниусере Ини (најверојатно) или Неферефре
Татконепознато: Сахуре, Нефериркаре Какаи или Неферефре
МајкаНепознато, можеби Меретнебти
СпоменициНедовршена платформа во Северен Абусир.

Според историските извори, традиционално се верувало дека Шепсескаре владеел седум години, по Нефериркаре Какаи, и бил наследен од Неферефре, што го прави четврти владетел на династијата. Тој е најнејасен владетел на оваа династија, а египтологот Мирослав Вернер тврди дека власта на Шепсескаре траела само неколку месеци, по Неферефре. Овој заклучок се заснова врз состојбата и локацијата на недовршената пирамида на Шепсескаре во Абусир, како и на многу мал број артефакти кои му се припишуваат на овој крал.

Односите на Шепсескаре со неговиот претходник и наследник не се познати со сигурност. Вернер смета дека е син на Сахуре и брат на Нефериркаре Какаи, кој кратко го презел престолот по прераната смрт на неговиот претходник и веројатно внук Неферефре. Можеби неочекувано умрел или можеби го изгубил престолот во полза на друг негов внук, идниот фараонот Ниусере Ини. Можноста дека Шепсескаре е краткотраен узурпатор надвор од кралското семејство не може да биде целосно исклучена.

Извори

уреди

Шепсескаре бил крал на Стар Египет, четврти[16] или петти[3] владетел на Петтата династија. Египет тогаш бил унифициран, со главен град кој се наоѓал во Мемфис.[17] Шепсескаре е најмалку познатиот крал на Петтата династија, бидејќи многу малку артефакти кои датираат од неговото владеење ги имаме денес. Се знае за само два цилиндрични печати на Шепсескаре: еден од бронза, со Хоровото име на Шепсескаре, и бил откриен во урнатините на Мемфис во почетокот на 20 век.[б 2][1] Вториот печат, од непознато потекло, е направен од црн серпент и на него пишува: „Шепсескаре, сакан од боговите, Шепсескаре, сакан од Хатор“.[18][б 3] Покрај овие два печати, единствените преживеани артефакти кои се припишуваат на Шепсескаре се пет фрагменти од печат на глина од Абусир[19][20] и шест други фрагменти откриени во храмот на Пирамидата од Неферефре, исто така во Абусир.[21] [22] Овие фрагменти веројатно доаѓаат од три различни печати и, најверојатно, биле поставени на вратите од собите во храмот.[23]

Единствениот[19] древно египетски кралски список кој го споменува Шепсескаре е Таблата од Сакара (на 28-от ред).[24] Таблата била напишана за време на владеењето на Рамзес II (1279-1213 п.н.е.), околу 1200 години по животот на Шепсескаре, и го содржи династичкиот редослед Неферикаре → Шепсескаре → Неферкаре (варијанта на Неферефре).[25] Шепсескаре го нема воопшто на друг кралски список кој датира од истиот период: списокот Абидос, напишан за време на владеењето на Сети I (1294-1279 п.н.е.). Исто така го нема во Торинскиот канон (од времето на Рамзес II), иако во овој случај лакуната влијае на папирусот на кој е напишан списокот на местото каде што треба да ги има имињата на Шепсескаре и Неферефре.[26][б 4]

Шепсескаре најверојатно се споменува во египетската историја, напишана во 3 век п.н.е. за време на владеењето на Птоломеј II (283-246 п.н.е.) од египетскиот свештеник Манетон. Никакви примероци од тоа дело не се зачувани до денес, а знаеме за него само од подоцнежните списи на Секст Јулиј Африканиј и Евсевиј.

Белешки

уреди
  1. Proposed dates for Shepseskare's reign: 2482–2475 BC,[10] 2467–2460 BC,[11] 2463–2456 BC,[12] 2455–2448 BC,[13][6][7] 2438–2431 BC,[8][14] 2403 BC.[4]
  2. The seal is now in the Cairo Museum under the catalog number JE 45041.
  3. The seal is now in the G. Mikhailides collection.
  4. The lacuna is on the third column, entries 20 and 21.[27] Because of the lacuna, it cannot be ascertained whether the canon listed Shepseskare before or after Neferefre.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Daressy 1915, стр. 94.
  2. Verner 2001, стр. 400.
  3. 3,0 3,1 Baker 2008, стр. 427–428.
  4. 4,0 4,1 Hornung 2012, стр. 491.
  5. Grimal 1988, стр. 92.
  6. 6,0 6,1 Shaw 2000, стр. 480.
  7. 7,0 7,1 Rice 1999, стр. 190.
  8. 8,0 8,1 von Beckerath 1999, стр. 283.
  9. Hayes 1978, стр. 58.
  10. Hawass & Senussi 2008, стр. 10.
  11. Clayton 1994, стр. 60.
  12. Strudwick 2005, стр. xxx.
  13. Lloyd 2010, стр. xxxiv.
  14. Arnold 1999.
  15. Clayton 1994, стр. 61.
  16. von Beckerath 1999, стр. 56–57, king number 4.
  17. Altenmüller 2001, стр. 597–601, entry "Fifth Dynasty".
  18. Verner 2000, стр. 583.
  19. 19,0 19,1 Verner 2001, стр. 396.
  20. Verner 2000, стр. 582.
  21. Verner 2000, стр. 584–585 & fig. 1 p. 599.
  22. Kaplony 1981, A. Text pp. 289–294 and B. Tafeln, 8lf.
  23. Verner 2000, стр. 585.
  24. Malek 1982, стр. 21–28.
  25. Verner 2000, стр. 581.
  26. Verner 2000, стр. 581–582.
  27. Verner 2000, стр. 587.

Библиографија

уреди
Arnold, Dorothea (July 19, 1999). „Old Kingdom Chronology and List of Kings“. Metropolitan Museum of Art. Посетено на January 31, 2015.
Baker, Darrell (2008). The Encyclopedia of the Pharaohs: Volume I - Predynastic to the Twentieth Dynasty 3300–1069 BC. Stacey International. ISBN 978-1-905299-37-9.
von Beckerath, Jürgen (1997). Chronologie des pharaonischen Ägypten (германски). Münchner ägyptologische Studien, Band 46, Verlag Phillip von Zabern in Wissenschaftliche Buchgesellschaft. ISBN 978-3-8053-2310-9.
von Beckerath, Jürgen (1999). Handbuch der ägyptischen Königsnamen (германски). Münchner ägyptologische Studien, Heft 49, Mainz : Philip von Zabern. ISBN 978-3-8053-2591-2.
Clayton, Peter (1994). Chronicle of the Pharaohs. Thames & Hudson. ISBN 978-0-500-05074-3.
Daressy, Georges Émile Jules (1915). „Cylindre en bronze de l'ancien empire“. Annales du Service des Antiquités de l'Égypte. 15.
El Awady, Tarek (2006). „The royal family of Sahure. New evidence.“. Во Bárta, Miroslav; Krejčí, Jaromír (уред.). Abusir and Saqqara in the Year 2005. Proceedings of the Conference Held in Prague (June 27 – July 5, 2005). Prague: Academy of Sciences of the Czech Republic, Oriental Institute. стр. 198–203. ISBN 978-80-7308-116-4.
Gardiner, Alan (1988). Royal Canon of Turin. Griffith Institute, new edition. ISBN 978-0-900416-48-4.
Grimal, Nicolas (1988). Histoire de l'Egypte ancienne (француски). Fayard. ISBN 978-2-7028-2142-8.
Hawass, Zahi; Senussi, Ashraf (2008). Old Kingdom Pottery from Giza. American University in Cairo Press. ISBN 978-977-305-986-6.
Hayes, William (1978). The Scepter of Egypt: A Background for the Study of the Egyptian Antiquities in The Metropolitan Museum of Art. Vol. 1, From the Earliest Times to the End of the Middle Kingdom. New York: Metropolitan Museum of Art. OCLC 7427345.
Hornung, Erik; Krauss, Rolf; Warburton, David, уред. (2012). Ancient Egyptian Chronology. Handbook of Oriental Studies. Leiden, Boston: Brill. ISBN 978-90-04-11385-5. ISSN 0169-9423.
Jacquet-Gordon, Helen (1962). Les noms des domaines funéraires sous l'ancien empire égyptien (француски). Le Caire : Imprimerie de l'Institut français d'archéologie orientale. OCLC 18402032.
Kaplony, Peter (1981). Die Rollsiegel des Alten Reiches. Katalog der Rollsiegel II. Allgemeiner Teil mit Studien zum Köningtum des Alten Reichs II. Katalog der Rollsiegel A. Text B. Tafeln (германски). Bruxelles: Fondation Egyptologique Reine Élisabeth. ISBN 978-0-583-00301-8.
(6 јуни 2008). "Archaeologists Uncover 4,000-Year-Old Missing Egyptian Pyramid". Соопштение за печат. Архивирано на 16 јануари 2016 г.
Krejčí, Jaromír; Arias Kytnarová, Katarína; Odler, Martin (2015). „Archaeological excavation of the mastaba of Queen Khentkaus III (Tomb AC 30)“ (PDF). Prague Egyptological Studies. Czech Institute of Archaeology. XV: 28–42.
Lehner, Mark (2008). The Complete Pyramids. Thames & Hudson. ISBN 978-0-500-28547-3.
Lloyd, Alan (2010). Lloyd, Alan (уред.). A Companion to Ancient Egypt. Volume I. Wiley-Blackwell. ISBN 978-1-4051-5598-4.
Malek, Jaromir (1982). „The special features of the "Saqqara king list"“. Journal of the Society for the Study of Egyptian Antiquities (JSSEA). 12: 21–28.
Mariette, Auguste (1889). Maspero, Gaston (уред.). Les Mastabas de l'Ancien Empire, Fragments du Dernier Ouvrage d'Auguste Édouard Mariette (француски). Paris. OCLC 2654989.
O'Mara, Patrick (1997). „Manetho and the Turin Canon: A Comparison of Regnal Years“. Göttinger Miszellen. 158: 49–61.
Petrie, Flinders (1976). Historical scarabs: a series of drawings from the principal collections, arranged chronologically (Reprint of the 1889 ed. published by D. Nutt, London. изд.). Chicago: Ares Publishers. OCLC 3114020.
Petrie, Flinders; Mahaffy, J. P.; Milne, J. G.; Lane-Poole, S. (1905). A History of Egypt, Volume I. From the Ist to the XVIth Dynasties. London: Methuen & Co. OCLC 27060979.
Altenmüller, Hartwig (2001). „Fifth Dynasty“. Во Redford, Donald B. (уред.). The Oxford Encyclopedia of Ancient Egypt, Volume 2. Oxford University Press. ISBN 978-0-19-510234-5.
Rice, Michael (1999). Who is who in Ancient Egypt. Routledge London & New York. ISBN 978-0-203-44328-6.
Roth, Silke (2001). Die Königsmütter des Alten Ägypten von der Frühzeit bis zum Ende der 12. Dynastie. Ägypten und Altes Testament. 46. Wiesbaden: Harrassowitz. ISBN 978-3-447-04368-7.
Shaw, Ian, уред. (2000). The Oxford History of Ancient Egypt. Oxford University Press. ISBN 978-0-19-815034-3.
Strudwick, Nigel (2005). Texts from the Pyramid Age. Society of Biblical Literature, annotated edition. ISBN 978-1-58983-138-4.
Verner, Miroslav (1982). „Excavations at Abusir. Season 1980/1981 - Preliminary Report“. Zeitschrift für ägyptische Sprache und Altertumskunde. 109: 75–78.
Verner, Miroslav (1997). „Further thoughts on the Khentkaus problem“ (PDF). Discussions in Egyptology. 38. стр. 109–117. ISSN 0268-3083. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-08-19. Посетено на 2019-05-22.
Verner, Miroslav (1999). Die Pyramiden (германски). Rowohlt, Reinbek. ISBN 978-3-499-60890-2.
Verner, Miroslav (2000). „Who was Shepseskara, and when did he reign?“. Во Bárta, Miroslav; Krejčí, Jaromír (уред.). Abusir and Saqqara in the Year 2000 (PDF). Prague: Academy of Sciences of the Czech Republic, Oriental Institute. стр. 581–602. ISBN 978-80-85425-39-0. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-02-01.
Verner, Miroslav (2001). „Archaeological Remarks on the 4th and 5th Dynasty Chronology“ (PDF). Archiv Orientální. 69 (3): 363–418. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 2019-05-22.
Verner, Miroslav (2002). The Pyramids: The Mystery, Culture, and Science of Egypt's Great Monuments. Grove Press. ISBN 978-0-8021-3935-1.
Verner, Miroslav (2003). Abusir: The Realm of Osiris. The American University in Cairo Press. ISBN 978-977-424-723-1.
Reuters (5 јуни 2008). "Eroded pyramid attributed to early pharaoh". Соопштение за печат. Архивирано на 28 април 2015 г.