Ниусере Ини (исто така Неусере Ини, на грчки јазик познат како Ратурис, ´Ραθούρης) бил древно египетски фараон, шестиот владетел на Петтата династија од времето на Старото Кралство. Тој владеел меѓу 24 и 35 години во зависност од научниците, а најверојатно живеел во втората половина на 25 век п.н.е. Ниусере бил помлад син на Нефериркаре Какаи и кралица Кенткаус II, и брат на кралот Неферефре. Можеби директно го наследил својот брат, како што укажуваат многу подоцнежните историски извори. Алтернативно, Шепсескаре можеби владеел меѓу нив двајца неколку недели или месеци, како што се сметал Мирослав Вернер. Односот на Шепсескаре со Неферефре и Ниусере останува мошне неизвесен. Ниусере, пак, бил наследен од Менкаухор Каиу, кој можел да биде негов внук и син на Неферефре.

Ниусере Ини
Niuserre Ini, Neuserre Ini, Nyuserra, Newoserre Any, Rathoris
Duo of statues representing the king as a young and old man, standing.
Двојна статуа на која е Ниусере млад и постар, Египетски музеј во Минхен
Фараон на Египет
Владеел24 до 35 години, кон крајот на 25 век п.н.е.[note 1][note 2], Петта египетска династија
ПретходникШепсескаре (најверојатно) или Неферефре
НаследникМенкаухор Каиу
СопружнициРептинуб, и уте една или две кралици чии имиња се изгубени
ТаткоНефериркаре Какаи
МајкаКенткаус II
ЗакопанНиусерева пирамида‎

Ниусере бил најплодниот градител на неговата династија, изградил три пирамиди за себе и за кралиците, а уште три за неговиот татко, мајка и брат, сите во некрополата Абусир . Тој го изградил најголемиот храм за богот на сонцето Ра изграден за време на Старото Кралство, а кој и денес постои, наречен Шесепибре или „Радоста на срцето на Ра“. Тој, исто така, го комплетирал Нехенре, храмот на Сонцето на Усеркаф во Абу Гораб и храмот на Менкауре во Гиза. Притоа, тој бил првиот крал после Шепсескаф, последниот владетел на Четвртата династија, кој се занимавал со некрополата Гиза, потег што можеби бил обид да се легитимизира неговото владеење по проблематичните времиња околу неочекуваната смрт на неговиот брат Неферефре.

Torso and head of a statue of a king wearing the Egyptian nemes.
Фрагмент од статуа од Петтата династијата, веројатно Ниусере[24]

Белешки

уреди
  1. Proposed dates for Nyuserre's reign: 2474–2444 BCE,[1][2][3] 2470–2444 BCE,[4] 2465–2435 BCE,[5] 2453–2422 BCE,[6] 2453–2420 BCE,[7] 2445–2421 BCE,[8][9][10] 2445–2414 BCE,[11] 2420–2389 BCE,[12] 2402–2374 BCE,[13][14] 2398–2388 BCE.[15] In a 1978 work, the Egyptologist William C. Hayes credited Nyuserre with 30+2(?) years of reign, starting c. 2500 BCE.[16]
  2. The only date known reliably in relation with Nyuserre Ini comes from radiocarbon dating of a piece of wood discovered in the mastaba of Ptahshepses, a vizier and son in law of Nyuserre. The wood was dated to 2465–2333 BCE.[17][18]

Наводи

уреди
  1. Verner 2001b, стр. 589.
  2. Hawass & Senussi 2008, стр. 10.
  3. LACMA 2016.
  4. Altenmüller 2001, стр. 599.
  5. Encyclopædia Britannica 2016.
  6. Clayton 1994, стр. 60.
  7. Ziegler 2007, стр. 215.
  8. Malek 2000a, стр. 100.
  9. Rice 1999, стр. 141.
  10. Van de Mieroop 2011, стр. 55.
  11. Strudwick 2005, стр. xxx.
  12. von Beckerath 1999, стр. 283.
  13. Hornung 2012, стр. 491.
  14. Nolan 2012, стр. 3.
  15. Strudwick 1985, стр. 3.
  16. Hayes 1978, стр. 58.
  17. Verner 2001a, стр. 404.
  18. von Beckerath 1997, стр. 56.
  19. Clayton 1994, стр. 61.
  20. 20,0 20,1 Leprohon 2013, стр. 40.
  21. Leprohon 2013, стр. 40, see also footnote 59.
  22. von Beckerath 1999, стр. 59.
  23. 23,0 23,1 Leprohon 2013, стр. 40, see also footnote 58.
  24. Brooklyn Museum 2016.