Шарпланински езера
Шар Планина како најголема планина во Република Македонија има 27 леднички езера. Езерата се познати и како Шарски Очи[1].



Потенцијал
уредиСпоред сите досегашни испитувања се смета дека вкупната езерска вода на планината изнесува околу 250.000 м2[2]. Но поради атмосферските влијанија и наносите водниот потенцијал постепено се намалува.[3]
Езера
уреди- Боговињско,
- Големо,
- Мало,
- Голем Ѓол (Големо Караниколичко Езеро),
- Мал Ѓол (Мало Караниколичко Езеро),
- Црн Ѓол (Скакаличко Езеро),
- Големо Јажинско,
- Мало Јажинско,
- Ливадичко (Штрбачко),
- Горно Доброшко,
- Долно Доброшко,
- Кривошиско,
- Бело,
- Црно,
- Челепински,
- Гиноводно,
- Шутманско,
- Горно Врачанско,
- Долно Врачанско,
- Дефско,
- Големо Дедељбешко,
- Мало Дедељбешко,
- Црн Вир,
- Горно Блатешко (повремено),
- Долно Блатешко (повремено),
- Шарски локви.
Освен овие езера, на Шар Планина постојат уште неколку безимени езера, кои според своите скромни димензии сепак не пресушуваат. Тие се:
- Безимено езерце во Чаушичкиот Цирк во близина на Доброшките езера,
- Мало езерце под врвот Залина или Голем Срт (2493 м н.в.),
- Постојано езеро исто така безимено помеѓу врвовите Залина и Клеч (2.414 м н.в.).
Според овие постојани езера постојат и уште околу 14 повремени, кои во текот на летниот период пресушуваат.
Наводи
уреди- ↑ Rista Nikolić: "Glacijacija Šar Planine i Koraba“, Beograd, 1912 godina.
- ↑ Душан Кривокапиќ: „Шар-Планина“, издание на „Туристичка Штампа“, Белград, 1969 година
- ↑ Живко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр 47-48