Мало Деделбешко Езеро

(Пренасочено од Мало Дедељбешко Езеро)


Малото Дедељбешко Езеро е ледничко езеро[1] и едно од 27-те на Шар Планина. Заедно со Големото Дедељбешко Езеро ги сочинуваат Дебељбешките езера кои воедно се и последните езера на шарпланинското јужно било. Се наоѓа на околу 2,000 m надморска висина. Долго е 80, а широко е 30 метри. Длабоко е 2 метри[2]. Водата е загадена и матна. Се наоѓа на карпеста основа во која нема ливади. Езерото нема притоки и не пресушува иако од него истекува вода. Според тоа може да се заклучи дека во езерото се наоѓаат подводни извори.[3].

Мало Дедељбешко Езеро
Површина 2.400 м2
Должина 80 м
Ширина 30 м
Длабочина 2 м
Надморска висина 2.000 м
Планина Шар Планина

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Rista Nikolić: "Glacijacija Šar Planine i Koraba“, Beograd, 1912 godina.
  2. Живко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр 59
  3. Душан Кривокапиќ: „Шар-Планина“, издание на „Туристичка Штампа“, Белград, 1969 година