Мало Јажинско Езеро
Maлото Јажинско езеро (српски: Мало Јажиначко језеро) е ледничко езеро[1] и едно од 27-те на Шар Планина. Заедно со Големото Јажинско езеро ги сочинуваат Јажинските езера Името го добиле по селото Јажинце, кое се наоѓа веднаш под нив на самото подножје на планината[2]. Се наоѓа на 2.200 m надморска висина. Долго е 43, а широко е 29 метри. Длабоко е преку 3 метри, но само кога има висок водостој. Обемот на езерскиот брег изнесува 170 m[3]. Се наоѓа на карпест басен, речиси без никакво зеленило. Опколено е со големи карпи. Езерото се храни со вода од внатрешни извори кои се многу студени (1°С). Во околината ила голем број на ледници кои исто така го хранат езерото со вода. Водата е бистра и проѕирна до самото дно. Интересно е тоа што ова езеро има остров, но при помал водостој станува полуостров[4].
Мало Јажинско Езеро Мало Јажиначко језеро | |
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found | |
Должина | 43 м |
Ширина | 29 м |
Обем | 170 м |
Длабочина | преку 3 м |
Надморска висина | 2.220 м |
Планина | Шар Планина |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Rista Nikolić: "Glacijacija Šar Planine i Koraba“, Beograd, 1912 godina.
- ↑ Кузман Најденоски: „Тетово во минатото“, издание од 1964 година. Печатница „Напредок“ Тетово
- ↑ Живко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр 50
- ↑ Душан Кривокапиќ: „Шар-Планина“, издание на „Туристичка Штампа“, Белград, 1969 година