Шарл VII Победникот
француски крал од XV век
(Пренасочено од Шарл VII Француски)
Шарл VII Победникот (роден на 22 февруари 1403 во Париз - починал на 22 јули 1461 во Меун на Ивр) бил крал на Франција од династијата Валоа. За време на неговото владеење се појавила Јованка Орлеанка, која претставувала пресвртница во Стогодишната војна. Го добил прекарот „победник“, поради тоа што успеал да ги ослободи сите територии на Франција под англиска власт, со што завршила Стогодишната војна. Тој е познат и како голем реформатор на војската, но спровел реформи и во целата држава.
|