Шарло акробата (Верзија на името на Чарли Чаплин на српско-хрватски јазик[1]) биле Југословенска њу-вејв и пост-панк група од Белград составена од Милан Младеновиќ (гитара), Душан Којиќ - Која (бас гитара) и Ивица Вдовиќ - Вд (тапани).

Шарло акробата
ПотеклоСФРЈ БелградЈугославија (денес Србија)
Жанр(ови)Пост-панк
Нов бран
Години на активност1980-1981
Продукциска куќа/ќи„Jugoton“
Поранешни членовиМилан Младеновиќ (гитара)
Душан Којиќ - Која (бас гитара)
Ивица Вдовиќ - Вд (тапани)

Историја

уреди

Лимуново дрво и промена на името

уреди

Бендот Лимуново дрво бил формиран во касните седумдесетти години на дваесеттиот век од Милан Младеновиќ и Драгомир Михајловиќ - Гаги заедно со многу други музичари од Белград. Во почетокот стилот на бендот бил мелодичен хард рок, но со доаѓањето на Душан Којиќ - Која и на Ивица Вдовиќ во бендот доаѓа и промена на стилот. Душан Којиќ - Која пред да им се придружи на Лимуново дрво имал свирено во многу Белградски „подземни“ новобранови бендови. Ивица Вдовиќ пораснал со џез музика и претходно свирел во бендот Сунцокрет. Во април 1980 година, Лимуново дрво настапиле како предгрупа на словенските Панкрти во Белградскиот СКЦ со нов, но и изменет стар материјал прилагоден на новиот стил на бендот. По свирката Гаги го напуштил бендот, а Милан, Која и Вдовиќ продолжуваат да свират заедно под името Шарло Акробата.

„Пакет аранжман“

уреди

Првите снимки на Шарло Акробата биле направени во студиото „Дуга Маца“. Песните кои биле снимени во тоа студио („Она се буди“, „Нико као ја“, „Мали човек“, „Око моје главе“), заедно со материјал на Елекрични Оргазам и Идоли, биле објавени на плочата „Пакет аранжман“ во 1980 година. „Пакет аранжман“ е култен албум и се смета за еден од најдобрите албуми издадени во југословенската историја.

„Бистрији или тупљи човек бива кад ...“

уреди

Во април 1981, бендот го снимил новиот албум „Бистрији или тупљи човек бива кад ...“ во студиото на „PGP-RTB“. Поради неочекуваните резултати од снимањето, „PGP-RTB“, им ја продала плочата на загребскиот Југотон кој ја издал во јуни 1981, во скромни 10.000 копии. Во отсуство на песни како „Она се буди“ или „Нико као ја“ албумот се продал во неочекувано малку копии. Иако првобитниот концепт на бендот бил мешавина на панк-рок музика со елементи на реге, албумот бил многу експериментален. Милан Младеновиќ бил инспириран од Елвис Костело и сакал повеќе мелодична и поетична музика, за разлика од Која, кој инспириран од Џими Хендрикс, повеќе сакал агресивна музика со помалку текст. Името на албумот потекнува од книгата на Васа Пелагиќ - Народни учитељ.[2]

Распад на групата

уреди

Распадот на групата започнал кога Иван Вдовиќ предлага во групата да се придружи Горан Вејвода и евентуално неговата тогашна девојка Беби Дол. Милан ја прифаќа идејата бидејќи сака во бендот да се вметне синтисајзер, а Горан Вејвода знаел да свири. Душан Којиќ - Која не се согласувал со идејата и сметал дека Шарло има уште многу да понуди во истиот состав. Во октомври 1981, тие се распаѓаат. Милан и Вдовиќ, заедно со Маргита Стефановиќ и Драгомир Михајловиќ - Гаги, го формирале бендот Екатерина Велика, а Која го фирмирал бендот Дисциплина Кичме.

Наследство

уреди

Бендот Шарло Акробата, иако опстојувал само нешто повеќе од една година, важи за еден од највлијателните бендови на поросторите на екс-Југославија. Во 1998 во книгата „YU 100: najbolji albumi jugoslovenske rok i pop muzike“, албумот „Пакет Аранжман“ е рангиран на второ место, а „Бистрији или тупљи човек бива кад ...“ на 11 место.[3] На списокот на српското радио Б92, од 2006 година, во листата 100 најдобри домашни песни, „Она се буди“ била рангирана на петто место, а „Нико као ја“ на деветтото место. На истата листа, пет од првите десет песни, се напишани од членови на Шарло Акробата.[4]

Дискографија

уреди

Синглови

уреди

Студиски албуми

уреди

Наводи

уреди
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-03-21. Посетено на 2012-07-06.
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2007-11-04. Посетено на 2012-07-06.
  3. Antonić, Duško; Štrbac, Danilo (1998). YU 100: najbolji albumi jugoslovenske rok i pop muzike. Belgrade: YU Rock Press
  4. http://en.wikipedia.org/wiki/B92_Top_100_Domestic_Songs

Надворешни врски

уреди