Василије Васа С. Пелагиќ (Горњи Жабар, 1833Пожаревац, 1899) – претставник н а утопискиот социјализам кај Србите во втората половина на 19 век,[1] просветен работник и и народен лекар.

Васа Пелагиќ
Васа Пелагић
Роден(а)1833
Горњи Жабар, денес Пелагиќево
Починал(а)25 јануари 1899
Пожаревац
Други имињаВасилије Пелагиќ
Занимањеполитичар, просветен работник и народен лекар
Васа Пелагиќ

Животопис уреди

 
Споменик на Васа Пелагиќ во паркот Караѓорѓевиќ, Белград

Пелагиќ е роден во 1833 година во босанското место Жабар, кај Брчко, како Василије Стефановиќ (по татко му Стефан) Пелагиќ. Наводно тргна во месното основно училиште во 1852 година, а по завршувањето пешки стигнал во Белград каде две години учел нижа гимназија.[2] На Богословијата во Белград се запишал во 1857 година. Следело враќање во родниот крај кога во 1860 година како завршен богослов станал учител на српското основно училиште во Брчко, каде основал српска читална, една од првите во Босна. Оттаму преку Белград тргнал во Русија. На Московскиот универзитет слушал предавања од политичка медицина и историја на медицината. Пред враќање во Бања Лука, ги пропатувал српските краишта за да ја согледа народната состојба.

После две години престој во Русија, се вратил во Бања Лука и во 1866 година станал управник на тогашната Српска православна богословија, која била прво средно училиште во Босна.[3] За училишните потреби и за ширење на просветата во народот во 1867 година во Белград ја испечатил „Руковођу за српско-босанске, херцеговачке, старосрбијанске и македонске учитеље“ (Водич за српско-босанските, херцеговските и македонските учители). Го примил чинот архимандрит за да ја заштити богословијата во Бања Лука од реакционерните елементи од сите три вери, на кои не им се допаѓал неговиот слободоумен училиштен програм. Во 1867 година, "Василије С. Пелагиќ", професор и управител на бањалучката богословија, пренумерант на Вуковата книга и дародавец на 10 примероци од истата на сиромашни богословци.[4] Го правел она што го проповедал и следната 1868 година.

Во февруари 1869 година бил уапсен, па прогонет во Мала Азија (поточно во Кјутјај) под обвинение дека го критикувал турскиот режим во Босна. Од прогонство се спасил во 1871 година со помош на Русија и преку Цариград дошол во Србија. Учествувал во работата на Српска обединета младина и претседавал со нејзиното собрание во Вршац. Оттаму оди во Цетиње и учествува во движењето Дружини за ослободување на српството. Дошол во судир со кнезот Никола и во 1972 година отишол во Нови Сад. Во 1973 година престојувал во Грац, Прага, Трст и Цирих. Тогаш се откажал од верската служба. Во Прага во 1872 година го преработил и објавил делото Борбата на американскиот народ за слобода и независност.[5]

Учествувал во Српското востани во Херцеговина и Босна, кое избило во 1875 година и го напишал Програм на усташките права и други меморандуми за српските востаници. Во 1878 година бил активен во организирање на отпор против најавената окупација на Босна и Херцеговина од страна на Австроунгарија.[6] Во текот на осумдесеттите години престојувал во Србија, но заради ширење на социјалистички идеи бил протеран неколкупати во Романија и Бугарија.[7] Заради брошурата "Нови гробари на Србија" бил повторно протеран.[8] Меѓутоа во народот бил омилен и жален заради страдањата. Останало забележено дека "Граѓаните на варошот Пожега" (и други, како Ужице) во јануари 1891 година официјално побарале од Народната скупштина Пелагиќ да се врати во "од прогонство".[9] Бил и кандидат за народен посланик во Чачак, но немал успех во тој потфат.[10]

Васо во 1888 година соработувал со социјалистичкиот весник Српски занаетчија. Учествувал на собранието на Занаетчиското здружение во Врање во 1892 година и настојувал да основа Социјалистичка партија на Србија. Издал низа брошури и книги за социјализмот и соработувал со весниците Занаетчиски сојуз и Социјал-демократ на кои им бил и еден од основачите. Статии објавува во бугарскиот социјалистички печат, а дела му биле преведувани на бугарски.

Васо сам се "расчинил" од калуѓерскиот чин и во 1873 година ја напуштил ерархијата.[11] Тоа го направил јавно и провокативно. Заради тоа и подоцните истапи, црковниот печат лошо пишувал за него, прекорувајќи го за "безбожничко" делување и пишување. Кога умрел в затвор, карловачкиот "Српски Сион" за него вели: "„ако пишуваше помалку, помалку зло ќе нанесеше“".[12]

Заради својот слободен став му бил трн в око на режимот во Србија. Јавно бил расчинет, затворан во лудници и после осудуван на затвор. Починал во пожаревачкиот казнен затвор Забела на 25 јануари 1899 година.[13] Тајно бил погреба ноќе на затворските гробишта. Подоцна бил повторно погребан на Старите гробишта во Пожаревац.

Со своите идеи кои ги објавил во своите книги, брошури и новински статии, имал големо влијание на работничките и селските маси на простори на Србија, Хрватска, БиХ, Црна Гора и Бугарија. Постоеле многубројни "Одбори на Пелагиќевци", кои ги основале неговите следбеници на многу места кон крајот на 19 век. Во Бања Лука, меѓу двете светски војни, делувало „Работничко-просветно друштво "Пелагиќ"“.[14]

Дела и трудови уреди

Освен делата:

  • Историја босанско-ерцеговачке буне у свези са српско- и руско-турским ратом (штудија за народ и државнике), В. Хорњански, Будимпешта, 1879.
  • Књига за народ или Стварни народни учитељ, Нови Сад, 1879.

напишал дела од доменот на социјализмот:

  • Спас Србије и српства,
  • Народни доброноша или Благодатник, Штампарија Народне Радикалне Странке, Београд, 1889.
  • Одговор на четири друштвена питања - Шта је социјализам? Шта оће социјалисте? Које науке и какве нужде гоне људе у у социјализам? Има ли у Србији места социјализму?, Смиљево, Београд, 1892.
  • Социјализам или Основни препорођај друштва, Штампарија М. Јовановића, Београд, 1894.
  • Наука и радни народ или Шта вели наука у корист радног народа, Штампарија Савића и Компаније, Београд, 1895.

Се залагал за реформа на школството и тие идеи ги изложил во делата:

  • Руковођа за српско-босанске, херцеговачке, старосрбијанске и македонске учитеље,
  • Преображај школе и наставе (сувремена потреба), Штампарија Народне Радикалне Странке, Београд, 1889.
  • Нова наука о јавној настави или Омладински и народни добротвор - штудија за наставнике и државнике, за народ и омладину, “Смиљево” Штампарија П.Тодоровића, Београд, 1891.

Анитирелигиозни тези изложил во делата:

  • Колико нас кошта Бог и господар?
  • Умовање чистога разума или шта вели архимандрит, професор и директор једне богословије - о религији и њеним догмама, Штампарија Виктора Хорњанскога, Будимпешта, 1880.
  • Посланица Богу или Предлог побожним народима, Штампарија М. Јовановића, Београд, 1891.

Наводи уреди

  1. Daskalov, Roumen; Mishkova, Diana (12 ноември 2013). Entangled Histories of the Balkans - Volume Two: Transfers of Political Ideologies and Institutions. BRILL. стр. 233. ISBN 978-90-04-26191-4.
  2. Васа Пелагић: "Пелагоћев народни учитељ", Београд 1988.
  3. "Школски лист", Сомбор 1866.
  4. Вук Ст. Караџић: "Живот и обичаји народа српског", Беч 1867.
  5. Васа Пелагић: "Борба народа американског за слободу и независност", Златни Праг 1872.
  6. "Србија 1878. године", зборник докумената, Београд 1978.
  7. "Застава", Нови Сад 1891.
  8. "Мале новине", Београд 1899.
  9. "Народна скупштина", Београд 30. јануар 1891.
  10. "Отаџбина", Београд 1890.
  11. "Глас народа", Нови Сад 1873.
  12. "Српски Сион", Карловци 1899.
  13. "Звезда", Београд 28. јануар 1899.
  14. "Правда", Београд 1934.

Литература уреди

Надворешни врски уреди