Чифте амам (Тетово)
Чифте амам (Бегов амам или Хуршиде амам) — поранешен турски амам во градот Тетово, денес дом на Уметничката галерија на градот. Се вбројува меѓу најголемите знаменитости во градот[1] и прогласен е за културно наследство на Македонија.[2]
Чифте амам | |
---|---|
Чифте амамот | |
Бегов амам | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата уметничка галерија |
Вид | амам, ликовна галерија |
Стил | османлиска архитектура |
Град | Тетово |
Земја | Македонија |
Завршена | крај на XV – почеток на XVI век |
Амамот е класичен пример за османлиската архитектура. Изграден е на левиот брег на реката Пена на крајот од XV до почетокот на XVI век и сместен спроти Шарената џамија, на патот од Тетово за полошките села.[1] Подигнат е од Мехмед Челеби, син на Исак-бег.[3]
Изграден е од делкан камен, варовник и тулни украси својствени на периодот. Претставува типична симетрична двојна бања, од каде го добила името чифте. Влезот е од исток и е засводен. Прозорци има само во соблекувалната. Градбата има две големи и две мали куполи. Различната големина на куполите ја разбива еднообразноста на објектот. Првата купола е седумаголна, а секој агол има кружен отвор преку кој влегува светлина. Амамот е украсен со пластични и камени елементи — добро исполнети прекршени лакови и убави венци на куполите.[1]
Амамот низ вековите е обновуван на многу наврати, но сепак го зачувал изворниот изглед. Последната реставрација е извршена од 2005 до 2007 г. и потоа амамот станал уметничка галерија.[1][3][4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Чифте Амам на градот“. Општина Тетово. Посетено на 20 јули 2017.[мртва врска]
- ↑ Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
- ↑ 3,0 3,1 „Визуелна уметничка галерија Тетово“. Општина Тетово. Архивирано од изворникот на 2019-04-03. Посетено на 20 јули 2017.
- ↑ „Стариот тетовски амам стана уметничка галерија“. Утрински весник. 7 октомври 2007. Посетено на 20 јули 2017.[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Чифте амам (Тетово) на Ризницата ?
- Беговиот амам - Тетово Архивирано на 20 јануари 2022 г., Културна мапа
- Чифте Амам на градот, Општина Тетово