Чифлачиште (Опила)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Чифлачиште

Карта

Местоположба 42°8′34″N 22°8′39″E / 42.14278° СГШ; 22.14417° ИГД / 42.14278; 22.14417
Основни податоци
Место Опила
Општина Крива Паланка
Тип

 населба


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Чифлачиште археолошко наоѓалиште во кривопаланечкото село Опила. Претставува населба од доцноантичко време.

Опис

уреди

Се наоѓа на околу 1 км од јужниот раб на Бабунско маало, југозападно од наоѓалиштето Чифлик, непосредно под падините на Војсин Рид на десниот брег на Крива Река. Претставува тераса со приближни димензии од 200 х 100 м, на која се гледаат фрагменти од градежни тули и керамички садови, исфрлени на површината со перманентното орање. Во некои од нивите се забележуваат отпечатоци од темели на ѕидови од кои е изваден градежниот материјал. Повеќето од објектите имале профан карактер, а не се исклучува можноста за постоење на сакрален објект. Во 1995 година, поради поставувањето на трасата на железничката пруга, Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата изврши заштитно ископување. Откриени се остатоци од темели на објект со 5 простории со приближни димензии од 4 х 4 м, зачувани во висина од 0,40 до 0,80 м и широки 0,60 м, како и една печка за топење на метал. Периметралниот ѕид е масивно граден, широк 1,00 до 1,10 м и веројатно се работи за објект користен за економски цели, од времето на III-IV век.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 199, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069