Читачот (филм)
Читачот ( англиски: The Reader ) е американски филм од 2008 година, во режија на Стивен Долдри. Филмот е адаптација на истоимената германска новела на Бербард Шлинк од 1996. Филмската адаптација ја напишал Дејвид Хер. Рејф Фајнс и Кејт Винслет се дел од глумечката екипа заедно со младиот глумец Дејвид Крос. Ова е последниот филм на продуцентите Антони Мингела и Сидни Полак бидејќи и двајцата починале пред да биде промовиран филмот. Продукцијата започнала во Германија во септември 2007 година, а филмот својата американска премиера ја имал на 10 декември 2008.
„Читачот (The Reader)“ | |
---|---|
Официјален постер | |
Режисер | Стивен Долдри |
Продуцент | Антони Мингела Сидни Полак Скот Рудин |
Сценарист | Дејвид Хер |
Главни улоги | Кејт Винслет Рејф Фајнс Дејвид Крос Александра Марија Лара |
Жанр | драма |
Музика | Нико Мули |
Дистрибутер | [The Weinstein Company |
Премиера | 10 декември 2008 |
Времетраење | 124 мин. |
Земја | САД Германија |
Јазик | англиски |
Буџет | 32 мил. долари |
Синопсис
уредиПриказната се случува во поствоена Германија каде тинејџерот Мајкл Берг ќе се разболи, а помош ќе најде кај Хана, необична туѓинка што е двојно постара од него. Мајкл закрепнува од болеста и ќе тргне да ја бара Хана за да ѝ се заблагодари. Тие двајца ќе бидат вовлечени во страстна, но тајна љубовна афера. Мајкл открива дека Хана сака да слуша додека ѝ читаат. Додека тој нејзе ѝ чита од "Одисеја", "Хак Фин" и "Дамата и малото куче", нивната врска се продлабочува. Сепак и покрај нивната интензивна врска, Хана еден ден мистериозно исчезнува, а Мајкл останува сам со скршено срце. Осум години подоцна, додека Мајкл е студент на правен факултет и ги следи судењата за воено злосторство на нацистите, тој е изненаден кога ќе ја сретне повторно Хана, но овој пат како обвинета во случајот. Додека нејзиното минато се открива, Мајкл дознава за една голема тајна, која ќе донесе големи промени во животот на двајцата.
Глумечка екипа
уредиГлумци | Ликови |
---|---|
Кејт Винслет | Хана Шмиц |
Дејвид Крос | Мајкл Берг |
Рејф Фајнс | Мајкл Берг (возрасен) |
Александра Марија Лара | Илана Мадер |
Бруно Ганц | Рол |
Лена Олин | Роуз Мадер |
Продукција
уредиВо април 1998 Мирамакс се стекнал со правата за романот Читачот,[1] а главната фотографија започнала во септември 2007 веднаш откако Стивен Долдри бил назначен за режисер а Фајнс бил одбран да ја толкува главната улога.[2][3] Винслет првично била одбрана да ја игра Хана, но не можејќи да го усогласи тајмингот со снимањето на Револуционерен пат, се откажала од филмот па Никол Кидман била одбрана како нејзина замена.[4] Во јануари 2008, Кидман го напуштила снимањето поради семејни обврски. Таа немала снимено ниту една сцена па студиото можело повторно да ја ангажира Винслет.[5]
Снимањето било во Берлин, во Герлиц и завршило во Келн на 14 јули.[6] Шлинк инсистирал снимањето да биде во Англија наместо во Германија. Долдри и Хер ги бирале локациите од романот заедно со авторот Шлинк, гледале документарни филмови од тој период на Германија, читале книги и написи за жените кои служеле како СС чуварки во логорите.
Винслет освоила Оскар за најдобра женска улога за филмот Читачот.[7] Винслет исто така освоила Златен глобус за најдобра глумица за Револуционерен пат и Златен глобус за најдобра споредна глумица за Читачот.
Entertainment Weekly изјавил дека за да ја „остарат“ Хана и за трансформацијата од заводничка до затвореничка за воено злосторство, шминкањето на Винслет секој ден одземало од седум до осум часа.[8] Сексуалните сцени во филмот биле снимени дури откако Крос наполнил 18 години[9]
Прикажување
уредиНа 10 декември 2008, Читачот се прикажал лимитирано во 8 кина и заработил $168,051. Филмската премиера била на 30 јануари 2009 со заработка од $2,380,376 на домашниот бокс офис. Светската премиера била на 27 февруари 2009, кога филмот се прикажал во 1,203 кина, една недела после оскарот на Винслет.
Филмот бил со заработка од $34,194,407 на домашниот бокс офис и $108,901,967 ширум светот.[10]
Награди и номинации
уреди66то издание Златен Глобус
уреди- Најдобар драма филм - номиниран
- Најдобра споредна глумица во драма (Кејт Винслет)– победник
- Најдобро сценарио (Дејвид Хер) – номиниран
- Најдобар режисер во драма (Стивен Долдри) - номиниран
Најдобар филм - номиниран
Најдобра глумица во главна улога (Кејт Винслет) - победник
Најдобар режисер (Стивен Долдри) - номиниран
Најдобро адаптирано сценарио - номиниран
Најдобра кинематографија - номиниран
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место Архивирано на 18 август 2009 г.
- Семрежна филмска база на податоци
- Бокс Офис Мојо
Наводи
уреди- ↑ Monica Roman (1998-04-22). „Miramax books 'Reader'“. Variety. Посетено на 2007-12-28.
- ↑ Michael Fleming (2007-08-17). „Kidman, Fiennes book 'Reader' gig“. Variety. Посетено на 2007-12-28.
- ↑ Christian Koehl (2007-09-14). „Senator inks rights to 'Reader'“. Variety. Посетено на 2007-12-28.
- ↑ Kaminer, Ariel. "Translating Love and the Unspeakable." New York Times. December 5, 2008.
- ↑ Ed Meza; Michael Fleming (2008-01-08). „Winslet replaces Kidman in 'Reader'“. Variety. Посетено на 2008-01-10.
- ↑ „Gestern letzter Dreh für 'Der Vorleser'“. (in German). Sächsische Zeitung. Посетено на 2008-07-15.
- ↑ Caro, Mark (February 8, 2009). „How Kate Winslet outdid herself“. Chicago Tribune. Архивирано од изворникот на 2014-02-22. Посетено на September 6, 2012.
- ↑ Jeff Labrecque, "Best Actress," Entertainment Weekly 1032/1033 (Jan. 30/Feb. 6, 2009): 45.
- ↑ Clarke, Cath (2008-12-19). „First sight: David Kross“. The Guardian. London. Посетено на 2010-05-25.
- ↑ „The Reader (2008)“. Box Office Mojo. 2010-12-30. Посетено на 2010-12-30.