Чеџу
Чеџу (корејски изговор: [tɕe.dʑu.do] Чеџудо; претходно Чеџу-до) е најголемиот остров во близина на брегот на корејскиот полуостров, и главниот остров на провинцијата Чеџу во Јужна Кореја. Островот се наоѓа во Корејскиот теснец, на југот на Јужната провинција Чола. Островот е природно светско наследство на УНЕСКО (види: Вулканскиот остров Чеџу и каналите од лава)[1]. Чеџудо, како инаку се нарекува, има умерена клима. Дури и во зима, температурата ретко паѓа под 0 °C. Чеџу е популарно одредиште за одмор и доста голем дел од економијата се потпира на туризмот и економската активност на неговата цивилно-поморска база.
Познат и како 제주도 Наречен и: Саму-самда-до | |
---|---|
Слика од островот Чеџу | |
Мапа на островот Чеџу | |
Географија | |
Место | Источна Азија |
Архипелаг | Чеџу |
Површина | 1.848 км2 |
Должина | 73 км |
Ширина | 31 км |
Највисоко место | 1,950 м |
Највисока точка | Халасан |
Држава | |
Јужна Кореја | |
Специјална автономна покраина | Специјална автономна покраина Чеџу |
Најголема населба | Чеџу (pop. 408,364) |
Демографија | |
Население | 621,550 (2014) |
Густина | 316 /km2 (818 /sq mi) |
Етнички групи | Корејанци |
Историја
уредиИсториски имиња
уредиИсториски гледано, островот се нарекувал со многу различни имиња, вклучувајќи:
- Дои (хангул: 도이, ханча: 夷 буквално "Островот варварин")
- Донгиеонџу (хангул: 동영주 ;ханча: 東瀛州
- Џуо (хангул: 주호, ханча: 胡)
- Тамора (탐모라, 耽牟羅)
- Сеомра (섭라, 涉羅)
- Тангна (탁라, 乇羅)
- Тамна (탐라, 耽羅)
- Келпарт или Келпарте
- Џунвонхадо (준원하도, 준원下島 со значење: јужниот дел на полуостровот)
- Тиксингнидо (хангул: 택승리도 - мирен топол остров)
- Самдадо (хангул: 삼다도 - "Островот на трите изобилности")
Пред Јапонците да го анексираат во 1910 година, островот на Европејците им бил познат како Келпарте. Името очигледно потекнува од првиот европски брод, холандскиот Келпарт, кој пристигнал на островот откако скршнал од својот пат до холандската трговска база во Нагасаки[2], Јапонија, од Тајван (тогашна холандска колонија Формоза).
Според корејската евиденција, флота од седумдесет јапонски пирати (вокоу) го нападнале островот Келпарт и соседните делови на корејскиот полуостров во 1555 година[3]. Кога Кореја била припоена на Јапонија во 1910 година, Чеџу станал познат како Саишу, што е јапонско читање на ханчата за Чеџу.
Пред 2000 година, кога владата на Сеул официјално ја усвоила ревидираната романизација на корејскиот јазик, Чеџудо бил напишан како Чеџу-до. Речиси сите писмени наводи за островот претходно го користеле тој правопис.
Чеџуанското востание
уредиГлавна статија: Масакрот во Чеџу
Од 3 април 1948 до мај 1949 година, владата на Јужна Кореја спровела антикомунистичка кампања за да се задуши обидот за востание на островот.[4][5] Главната причина за бунтот биле изборите закажани за 10 мај 1948 година[6], дизајнирани од страна на Привремената комисија на Обединетите Нации за Кореја (UNTCOK) за создавање на нова влада за цела Кореја. Изборите биле планирани само за југот на земјата, половината од полуостровот кој бил под контрола на Привремената комисија на ОН. Плашејќи се дека изборите ќе ја засилат понатамошната поделба, герилски борци на Јужнокорејската работничка партија (СКЛП) реагирале насилно, напаѓајќи ја локалната полиција и десничарските младински групи стационирани на островот Чеџу[7].
Злосторства биле извршени од двете страни, но оние од Јужнокорејските владини сили биле најдобро документирани[8]. Во масакрот загинале помеѓу 30,000 до 60.000 луѓе[6], односно, според некои податоци, 10% од вкупното население на островот[8]. Околу 40,000 побегнале во Јапонија за да избегаат од борбите.[4] Децениите по востанието, сеќавањето на настанот се потиснувал од страна на владата со строги казнени мерки.[7] Сепак, во 2006 година, корејската влада се извинила за нејзината улога во убиствата и ветила репарации но до 2010 година, тие не биле исплатени[9].
Во 2008 година, тела на жртвите од масакрот биле пронајдени во масовна гробница во близина на Меѓународниот аеродром Чеџу.[10]
Географија
уреди-
Халасан
-
Бранови на морскиот брег на Чеџу
-
Планината Хала на Чеџу
Чеџудо е вулкански остров на кој се издига вулканот Халасан висок 1,950 метри и највисоката планина во Јужна Кореја. Островот попречно изнесува околу 73 километри, од исток кон запад и 41 километри,од север кон југ.
Островот се формирал од вулкански ерупции пред околу 2 милиони години, за време на кенозоикот. Се состои главно од базалт и лава.
Областа која покрива околу 12% (224 квадратни километри или 86 квадратни милји) од Чеџудо е позната како Готџавалска шума. Оваа област останала некултивирана до 21-от век, чија основа на 'A'ā лава била тешка за развивање земјоделство. Затоа оваа шума има посебна екологија. Таа е главниот извор на подземна вода и оттука главен извор на вода за половина милион луѓе на островот, бидејќи површински продира директно низ пукнатините на 'A'ā лавата под шумата. Готџавал од страна на некои истражувачи се смета за меѓународно значајно влажно тло[11] под Рамсарската конвенција, бидејќи е живеалиште на единствени видови на растенија и претставува главен извор на вода за жителите, иако до денес не е прогласен за рамсарска локација[12].
Формација
уреди- Пред околу 2 милиони години, островот на Чеџу бил формиран со вулканска активност[13].
- Пред околу 1.2 милиони години, магматско огниште се образувало под морското дно и почнала да избива.
- Пред околу 700 илјади години, на островот се формирал со вулканска активност. Вулканската активност потоа престанала за околу 100 илјади години.
- Пред околу 300 илјади години, вулканската активност повторно се активирала долж крајбрежјето.
- Пред околу 100 илјади години, вулканската активност ја создала планината Хала.
- Пред околу 25 илјади години, страничните ерупции околу планината Хала оставиле повеќе ореуми (помали 'паразитски' конуси на падините на основниот вулкански конус).
- Вулканска активност запрела а постојаното атмосферско влијание и ерозијата помогнале да се формира островот.
Клима
уредиЧеџу има влажна суптропска клима, што го прави потопол од остатокот на Јужна Кореја. Има четири различни сезони на Чеџу. Зимите се студени и суви додека летата се топли, влажни, и понекогаш дождливи.
Во јануари 2016 година, студен бран влијаел на регионот. Поради снегот и студените временски услови биле откажани 1.200 летови на Чеџудо, со околу 90,300 патници[14].
Климатски податоци за Чеџу (град), Чеџудо (1981–2010) | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Прос. висока °C (°F) | 8.3 (46.9) |
9.4 (48.9) |
12.8 (55) |
17.5 (63.5) |
21.6 (70.9) |
24.8 (76.6) |
29.0 (84.2) |
29.8 (85.6) |
25.8 (78.4) |
21.3 (70.3) |
16.0 (60.8) |
11.0 (51.8) |
18.9 (66) |
Сред. дневна °C (°F) | 5.7 (42.3) |
6.4 (43.5) |
9.4 (48.9) |
13.8 (56.8) |
17.8 (64) |
21.5 (70.7) |
25.8 (78.4) |
26.8 (80.2) |
23.0 (73.4) |
18.2 (64.8) |
12.8 (55) |
8.1 (46.6) |
15.8 (60.4) |
Прос. ниска °C (°F) | 3.2 (37.8) |
3.6 (38.5) |
6.1 (43) |
10.2 (50.4) |
14.4 (57.9) |
18.7 (65.7) |
23.3 (73.9) |
24.3 (75.7) |
20.4 (68.7) |
15.1 (59.2) |
9.8 (49.6) |
5.3 (41.5) |
12.9 (55.2) |
Прос. врнежи мм (ин) | 65.2 (2.567) |
62.6 (2.465) |
88.6 (3.488) |
89.6 (3.528) |
96.4 (3.795) |
181.4 (7.142) |
239.9 (9.445) |
262.5 (10.335) |
221.6 (8.724) |
80.3 (3.161) |
61.9 (2.437) |
47.7 (1.878) |
1.497,6 (58,961) |
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 0.1 mm) | 12.6 | 10.3 | 11.2 | 10.0 | 10.4 | 11.8 | 12.5 | 13.5 | 10.8 | 7.0 | 9.3 | 10.8 | 130.2 |
Прос. релативна влажност (%) | 65.3 | 64.9 | 64.9 | 66.5 | 70.4 | 76.8 | 78.3 | 76.5 | 73.7 | 66.9 | 65.1 | 65.1 | 69.6 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 70.4 | 105.4 | 158.9 | 194.4 | 211.9 | 170.9 | 195.6 | 195.6 | 161.7 | 178.5 | 126.0 | 84.8 | 1.854,1 |
Извор: Корејска метеоролошка управа[15] |
Климатски податоци за Сеогвипо-си, Чеџудо (1981–2010) | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Прос. висока °C (°F) | 10.7 (51.3) |
11.6 (52.9) |
14.4 (57.9) |
18.5 (65.3) |
22.0 (71.6) |
24.6 (76.3) |
28.3 (82.9) |
30.1 (86.2) |
27.4 (81.3) |
23.4 (74.1) |
18.2 (64.8) |
13.2 (55.8) |
20.2 (68.4) |
Сред. дневна °C (°F) | 6.8 (44.2) |
7.8 (46) |
10.6 (51.1) |
14.8 (58.6) |
18.6 (65.5) |
21.7 (71.1) |
25.6 (78.1) |
27.1 (80.8) |
23.9 (75) |
19.3 (66.7) |
14.1 (57.4) |
9.3 (48.7) |
16.6 (61.9) |
Прос. ниска °C (°F) | 3.6 (38.5) |
4.4 (39.9) |
7.1 (44.8) |
11.3 (52.3) |
15.3 (59.5) |
19.2 (66.6) |
23.5 (74.3) |
24.6 (76.3) |
21.1 (70) |
15.9 (60.6) |
10.6 (51.1) |
5.9 (42.6) |
13.5 (56.3) |
Прос. врнежи мм (ин) | 61.0 (2.402) |
77.1 (3.035) |
131.2 (5.165) |
174.9 (6.886) |
205.8 (8.102) |
276.9 (10.902) |
309.8 (12.197) |
291.6 (11.48) |
196.6 (7.74) |
81.6 (3.213) |
71.4 (2.811) |
45.1 (1.776) |
1.923 (75,709) |
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 0.1 mm) | 10.3 | 9.5 | 11.0 | 10.5 | 10.7 | 12.9 | 14.3 | 14.2 | 10.3 | 6.1 | 7.4 | 8.1 | 125.3 |
Прос. релативна влажност (%) | 62.8 | 62.1 | 62.4 | 64.5 | 69.9 | 78.2 | 84.1 | 79.0 | 72.5 | 63.9 | 63.2 | 62.2 | 68.7 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 152.2 | 152.6 | 174.0 | 190.9 | 199.0 | 144.2 | 142.1 | 184.2 | 176.1 | 207.1 | 170.5 | 161.8 | 2.054,7 |
Извор: Корејска метеоролошка управа[16] |
Климатски податоци за Сеонгсан-еуп, Чеџудо (1981–2010) | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Прос. висока °C (°F) | 9.0 (48.2) |
10.2 (50.4) |
13.4 (56.1) |
17.8 (64) |
21.6 (70.9) |
24.2 (75.6) |
27.9 (82.2) |
29.5 (85.1) |
26.5 (79.7) |
22.0 (71.6) |
16.6 (61.9) |
11.4 (52.5) |
19.2 (66.6) |
Сред. дневна °C (°F) | 5.4 (41.7) |
6.2 (43.2) |
9.3 (48.7) |
13.6 (56.5) |
17.5 (63.5) |
20.8 (69.4) |
24.9 (76.8) |
26.3 (79.3) |
23.1 (73.6) |
18.0 (64.4) |
12.5 (54.5) |
7.6 (45.7) |
15.4 (59.7) |
Прос. ниска °C (°F) | 2.0 (35.6) |
2.4 (36.3) |
5.2 (41.4) |
9.2 (48.6) |
13.5 (56.3) |
17.6 (63.7) |
22.4 (72.3) |
23.6 (74.5) |
20.2 (68.4) |
14.2 (57.6) |
8.4 (47.1) |
3.9 (39) |
11.9 (53.4) |
Прос. врнежи мм (ин) | 83.2 (3.276) |
69.7 (2.744) |
142.2 (5.598) |
150.1 (5.909) |
177.7 (6.996) |
223.7 (8.807) |
283.2 (11.15) |
360.6 (14.197) |
228.4 (8.992) |
90.8 (3.575) |
85.1 (3.35) |
72.0 (2.835) |
1.966,8 (77,433) |
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 0.1 mm) | 11.1 | 9.1 | 10.9 | 9.1 | 9.4 | 12.4 | 13.0 | 13.6 | 9.8 | 5.8 | 7.7 | 8.9 | 120.8 |
Прос. релативна влажност (%) | 67.5 | 65.1 | 65.0 | 66.7 | 71.4 | 81.1 | 84.4 | 80.6 | 75.3 | 68.4 | 67.8 | 67.6 | 71.7 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 122.5 | 146.9 | 170.1 | 192.9 | 205.3 | 145.6 | 157.4 | 173.4 | 157.2 | 187.8 | 155.5 | 130.3 | 1.944,7 |
Извор: Корејска метеоролошка управа[17] |
Климатски податоци за Госан-ри, Чеџудо (1981–2010) | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Прос. висока °C (°F) | 8.6 (47.5) |
9.4 (48.9) |
12.3 (54.1) |
16.5 (61.7) |
20.0 (68) |
23.4 (74.1) |
27.3 (81.1) |
29.1 (84.4) |
26.0 (78.8) |
21.2 (70.2) |
16.2 (61.2) |
11.2 (52.2) |
18.4 (65.1) |
Сред. дневна °C (°F) | 6.2 (43.2) |
6.7 (44.1) |
9.3 (48.7) |
13.3 (55.9) |
16.8 (62.2) |
20.6 (69.1) |
24.7 (76.5) |
26.2 (79.2) |
23.1 (73.6) |
18.3 (64.9) |
13.3 (55.9) |
8.6 (47.5) |
15.6 (60.1) |
Прос. ниска °C (°F) | 3.8 (38.8) |
4.2 (39.6) |
6.5 (43.7) |
10.4 (50.7) |
14.2 (57.6) |
18.3 (64.9) |
22.7 (72.9) |
23.9 (75) |
20.6 (69.1) |
15.7 (60.3) |
10.7 (51.3) |
6.1 (43) |
13.1 (55.6) |
Прос. врнежи мм (ин) | 43.9 (1.728) |
46.9 (1.846) |
75.8 (2.984) |
86.4 (3.402) |
110.2 (4.339) |
148.7 (5.854) |
178.0 (7.008) |
201.8 (7.945) |
116.2 (4.575) |
45.7 (1.799) |
57.4 (2.26) |
31.7 (1.248) |
1.142,8 (44,992) |
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 0.1 mm) | 11.4 | 9.1 | 10.9 | 9.3 | 10.1 | 11.8 | 11.9 | 13.4 | 9.3 | 6.1 | 8.0 | 9.7 | 121 |
Прос. релативна влажност (%) | 67.0 | 68.4 | 69.5 | 73.2 | 79.5 | 85.1 | 88.4 | 83.2 | 77.2 | 69.0 | 67.1 | 66.0 | 74.5 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 90.9 | 126.5 | 167.0 | 196.3 | 201.6 | 158.0 | 176.6 | 215.5 | 187.8 | 207.2 | 153.6 | 108.4 | 1.989,2 |
Извор: Корејска метеоролошка управа[18] |
Климатски податоци за Витсе Ореум, Чеџудо (2003–2009, височина 1,672 м) | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Прос. висока °C (°F) | −1.6 (29.1) |
0.9 (33.6) |
3.4 (38.1) |
10.0 (50) |
14.9 (58.8) |
18.1 (64.6) |
20.3 (68.5) |
20.6 (69.1) |
18.1 (64.6) |
13.2 (55.8) |
6.8 (44.2) |
0.0 (32) |
10.4 (50.7) |
Сред. дневна °C (°F) | −5.9 (21.4) |
−3.5 (25.7) |
−0.8 (30.6) |
5.2 (41.4) |
10.3 (50.5) |
14.0 (57.2) |
17.4 (63.3) |
17.4 (63.3) |
14.2 (57.6) |
8.2 (46.8) |
2.2 (36) |
−3.5 (25.7) |
6.4 (43.5) |
Прос. ниска °C (°F) | −9.1 (15.6) |
−7.5 (18.5) |
−5.1 (22.8) |
0.7 (33.3) |
5.7 (42.3) |
10.4 (50.7) |
14.7 (58.5) |
14.5 (58.1) |
11.0 (51.8) |
4.3 (39.7) |
−0.9 (30.4) |
−6.6 (20.1) |
2.7 (36.9) |
Прос. врнежи мм (ин) | 46.9 (1.846) |
128.0 (5.039) |
301.2 (11.858) |
426.1 (16.776) |
653.1 (25.713) |
651.9 (25.665) |
742.3 (29.224) |
836.4 (32.929) |
526.7 (20.736) |
126.5 (4.98) |
165.8 (6.528) |
64.6 (2.543) |
4.669,4 (183,835) |
Извор: Чеџуанска регионална метеоролошка управа[19] |
Места
уреди- Лавин канал Манџангул, долг 8 км
- Сеонгсан Илчулбонг или "Врв Изгрејсонце" вулкански конус и кратер (туф)
- Халасан, централен и највисок врв на островот
- Сеонгеуп (село)
- Музеј на мечиња во Чеџу
- Чеџу Лавленд, парк со љубовна и сексуална тематика
- Музеј на чај О‘Сулок
Поморска база Чеџу
уредиВо 1993 година, Република Кореја (РК) започнала да планира поморска база на островот Чеџудо (Чеџу), а во 2007 година започнала изградбата во селото Ганџонг, со планирано завршување до 2011 година. Базата била планирана да прими 20 воени бродови, три подморници и два 150.000 тонски крстосувачки бродови, како приватно-воен комплекс, слично на оние во Сиднеј и Хаваи. Жителите на Чеџу, еколозите и опозициските партии се спротивставиле на базата, предизвикувајќи одложувања во изградбата.[20] Базата била завршена во 2016 година, а официјалното име е пристаништето Цивилно воен комплекс Чеџу. Активистите се противат на планот. Активистите се противеле на базата[21] тврдејќи дека ќеима лошо влијание врз околината и ќе му наштети на “Островот на мирот” како што властите го опишувале Чеџу.[22]
Поврзано
уреди- Чеџуански коњ, локална коњска раса
- Чеџуански јазик
Наводи
уреди- ↑ "Unesco names World Heritage sites". BBC News.
- ↑ User, Super. „The Dutch Came to Korea - CHOSON ARCHIVES“. chosonkorea.org (англиски). Архивирано од изворникот на 2017-06-19. Посетено на 2018-02-11.
- ↑ 1883-1965., Sansom, George Bailey, Sir (1961). A history of Japan, 1334-1615. Stanford, Calif.: Stanford Univ. Press. ISBN 0804705259. OCLC 16859819.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
- ↑ 4,0 4,1 Hugh Deane (1999). The Korean War, 1945-1953. China Books&Periodicals, Inc. pp. 54–58.
- ↑ Merrill, John (1980). "Cheju-do Rebellion". The Journal of Korean Studies: 139–197.
- ↑ 6,0 6,1 „Jeju Uprising - New World Encyclopedia“. web.newworldencyclopedia.org (англиски). Посетено на 2018-02-11.
- ↑ 7,0 7,1 Hugh., Deane (1999). The Korean War 1945-1953. San Francisco: China Books. ISBN 0835126447. OCLC 43456191.
- ↑ 8,0 8,1 1975-, Kim, Hun Joon. The massacres at Mt. Halla : sixty years of truth seeking in South Korea. Ithaca. ISBN 9780801452390. OCLC 870273148.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
- ↑ O, John Kie-Chiang (1999). "Korean Politics: The Quest for Democratization and Economic Development". Cornell University Press.
- ↑ Song Jung Hee, Islanders still mourn April 3 massacre Архивирано на 4 октомври 2015 г., Jeju Weekly, March 3, 2010
- ↑ Jang, Yong-chang and Chanwon Lee, 2009, "Gotjawal Forest as an internationally important wetland," Journal of Korean Wetlands Studies, 2009, Vol 1.
- ↑ "Ramsar site list" (PDF). Archived from the original(PDF) on January 14, 2009.
- ↑ Woo, Kyung Sik; Sohn, Young Kwan; Ahn, Ung San; Yoon, Seok Hoon; Spate, Andy (2013). Jeju Island Geopark - A Volcanic Wonder of Korea. Geoparks of the World (closed) (англиски). Springer, Berlin, Heidelberg. стр. 13–14. doi:10.1007/978-3-642-20564-4_5. ISBN 9783642205637.
- ↑ Ap, Tiffany (January 25, 2016). "Deaths, travel disruption as bitter cold grips Asia". CNN.
- ↑ „평년값자료(1981–2010) 제주(184)“. Korea Meteorological Administration. Посетено на 2011-05-23.
- ↑ „평년값자료(1981–2010) 서귀포(189)“. Korea Meteorological Administration. Посетено на 2011-05-23.
- ↑ „평년값자료(1981–2010) 성산(188)“. Korea Meteorological Administration. Посетено на 2011-05-23.
- ↑ „평년값자료(1981–2010) 고산(185)“. Korea Meteorological Administration. Посетено на 2011-05-23.
- ↑ „제주도상세기후특성집(2010) 윗세오름(871)“. Jeju Regional Meteorological Administration. Посетено на 2010-11-30.
- ↑ Jeju naval base: The Koreaherald.com, Published; 2016-02-29, - Retrieved 2017-03-05
- ↑ Save Jeju Now- Retrieved 2017-03-05
- ↑ Cheju / Jeju Naval Base: GlobalSecurity.org- Retrieved 2017-03-05