Корејски Проток
Корејскиот Проток (корејски: 조선해협 во Ј. Кореја, 대한해협 во С. Кореја; јапонски: 対馬海峡) е проток помеѓу Јапонија и Јужна Кореја, што го поврзува Источнокинеското со Јапонското Море во северозападниот дел на Тихиот Океан. Во средината на протокот се наоѓа островот Цушима, кој го дели на т.н. „западен канал“ и Цушимскиот Проток („источен канал“).
Географија
уредиНа север протокот се граничи со јужниот брег на Корејскиот Полуостров, а на југ со југозападните јапонски острови Кјушу и Хоншу. Широк е околу 200 км, со просечна длабочина од 90 до 100 м).
Островот Цушима го дели протокот на западен канал и Цушимскиот Проток. Западниот премин е подлабок (до 227 м) и потесен.
Струи
уредиНиз протокот минува топол ракав на морската струја Курошио, понекогаш наречен „Џушимска Струја“. Струјата започнува да тече кај јапонските острови и минува низ Јапонското Море, а потоа се двои на два дела по обата брега на островот Сахалин, Потоа продолжува низ северниот Тихи Океан низ премин кај Хокаидо, па завршува во Охотското Море кај Владивосток.
Стопанско значење
уредиНиз протокот сообраќаат многу трговски пловила до разни одредишта, особено оние упатени кон југот на Јужна Кореја. Јапонија и Јужна Кореја ги имаат ограничено своите територијални води на 3 морски милји (5,6 км) од брегот со цел да овозможат слободен проток на сообраќај меѓу нив.[1][2]
Преку протокот проаѓаат и доста патнички траекти. Од особено значење се оние што одат од Пусан (Ј. Кореја) до јапонските пристаништа Фукока, Цушима, Шимоносеки и Хирошима, линиите од островот Цушима до Фукока, и оние од корејскиот остров Чеџу до корејското копно. Тука минуваат и траектите што водат до Кина.
Историја
уредиПротокот играл значајна улога во историјата на регионот уште од најрано време. Во протокот се одиграла значајната Битка кај Цушима помеѓу јапонската и руската морнарица на 27-28 мај 1905. Во судирот руската флота претрпела катастрофален пораз и била целосно уништена.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ^ На пример, а) „Low-Frequency Current Observations in the Korea/Tsushima Strait“.[мртва врска] W. J. Teague, G. A. Jacobs, H. T. Perkins, J. W. Book, K.-I. Chang, M.-S. Suk Journal of Physical Oceanography 32, 1621–1641 (2001). б) „Цушима“. Архивирано од изворникот на 2013-01-08. Посетено на 2013-03-11. - Историско истражно друштво за Руско-јапонската војна (англиски)
- ^ „Морепловни карти на југоисточниот дел од Јапонското Море“. Архивирано од изворникот на 2007-05-13. Посетено на 2013-03-11. Хидрографско здружение на Јапонија (англиски)
- ^ „Список на национални и квазинационални паркови во Јапонија: Бр. 48 Ики-Цушима“. - Министерство за животна средина на Јапонија (англиски)
- ^ „Морски граници на Република Кореја, стр. 18“. Посетено на 23 јуни 2005. (англиски)
- ^ „Посебно подрачје на Јапонија“. Архивирано од изворникот на 2004-08-22. Посетено на 2013-03-11. - Хидрографско-океанографско одделение на Крајбрежната стража на Јапонија (англиски)
Надворешни врски
уреди- Корејски Проток Архивирано на 11 ноември 2006 г. - Енциклопедија Британика (англиски)
- Океанографски особености на Корејскиот Проток Архивирано на 9 јуни 2007 г. - KORDI (англиски)