Ченгел (село)

историско село во Битолско

Ченгел — историско село во Битолско, денес на територијата на Општина Новаци.

Ченгел
Ченгел во рамките на Македонија
Ченгел
Местоположба на Ченгел во Македонија
Ченгел на карта

Карта

Координати 41°01′46″N 21°35′55″E / 41.02944° СГШ; 21.59861° ИГД / 41.02944; 21.59861
Регион  Пелагониски
Општина Новаци
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис. 990 м

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓало на источната падина на Селечка Планина, источно од Битола, меѓу селата Паралово на северозапад, Ивени на североисток, Гнилеш на југозапад и Полог на југоисток. Денес местото е во атарот на Гнилеш.

Историја

уреди

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Ченгел живееле 95 Македонци христијани.[2][3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Чегел се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 8 куќи.[4]

На почетокот на XX век целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ченгел (Tschenghel) имало 80 Македонци под ехзархијата.[2][5]

Селото настрадало од грчки андартски напади во 1906 г.[6]

Според други податоци, на почетокот на XX век селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. Во пописот од 1908 г. жителите на Ченгел, заедно со оние на селото Полог се погрешно заведени како „Грци“ поради припадноста кон патријаршиската црква, што предизвикало револт во двете села.[7]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 237
  4. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 16.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
  6. Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония, том II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 224.
  7. Воин, Божинов (1982). Българската просвета в Македония и Одринска Тракия 1878-1913. София: Българска академия на науките. стр. 227.

Надворешни врски

уреди