Чарлс Рени Мекинтош
Чарлс Рени Мекинтош (англиски: Charles Rennie Mackintosh) — шкотски архитект, дизајнер, графичар и сликар.
Чарлс Рени Мекинтош | |
---|---|
Чарлс Рени Мекинтош во 1893 | |
Роден(а) | 7 јуни 1868 Глазгов, Шкотска, Велика Британија |
Починал(а) | 10 декември 1928 Лондон, Англија, Велика Британија |
Националност | Шкотланѓанец |
Зданија | The Lighthouse ("Светилникот") - поранешно седиште на Глазгов Хералд Глазговска школа за уметности |
Со својата сопруга Маргарет Макдоналд Мекинтош, нејзината сестра Франсес Макдоналд Макнер и со колегоата Џејмс Херберт Макнер ја основал групата The Four (четворка), која имала големо влијание врз развојот на уметноста и архитектурата и извршила пресудно влијание врз Глазговската школа за уметност (Glasgow School of Art) - пионерска школа на подрачјето на применетата уметност и дизајнот.
Тој бил дизајнер во Движењето за уметности и занаети, и исто така, главен експонент на движењето Ар Нуво во Обединетото Кралство. Имал значајно влијание врз дизајнот во Европа и се смета за еден од основоположниците на современиот дизајн.
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Галерија
уреди-
Декоративен мотив.
-
The Lighthouse ("Светилникот") - поранешно седиште на Глазгов Хералд.
-
Глазговската школа за уметност, северна фасада.
-
Глазговската школа за уметност, влез.
-
Рачхилска црковна сала на Слободната Шкотска Црква, Глазгов.
-
Влезот на црковната сала на Слободната Шкотска Црква, Глазгов.
-
Рачхилска црковна сала на Слободната Шкотска Црква, Глазгов.
-
, The Willow Tearooms, чајџилница во Глазгов.
-
, Луксузната соба во The Willow Tearooms.
-
Хил Хаус, Хеленсбург.
-
Scotland Street School, задна фасада.
-
„Тврдината“, 1925 — 1926.