Чандарли (семејство)

влијателно османлиско семејство

Чандарли — познато и влијателно турско семејство чии потомци се стекнувале со големи позиции во управувањето на Османлиското Царство. Во текот на 14 век ова семејство било сметано второ по важност веднаш по Османлиската династија.

За разлика од останатите европски монархии, Османлиското Царство немала аристократски семејства и секое семејство имало еднакви шанси да се искачи кон хиерархијата на управувањето на империјата. Истото важело и за етничките разлики, но како предуслов бил прифаќање на исламот. Сепак, во раните години на империјата семејството на име Чандарли успеало да се стекне со огромна моќ во империјата.

Корените на ова семејство потекнуваат од денешното село Чандир во Централна Анадолија. По основањето на османлискиот бејлик, семејството се населило во Изник (Никеја), каде еден член на семејството станал кадија во 1326 година. Во периодот од 1365 до 1499 година, пет члена од ова семејство станале големи везири.

Најголема политичка моќ семејството уживало во времето на Мурат II. Кога Мехмед II, тогаш на 12 години, станал за првпат султан, во 1444 година морал да го повика својот татко за помош во Битката кај Варна и никогаш не ја заборавил улогата на Халил Чандарли за последователното враќање на престолот на неговиот татко. Тој чекал погоден момент за да стави крај на моќта на ова семејство. По освојувањето на Истанбул во 1453 година Халил бил погубен а следните четири везири биле од нетурско потекло (девширме).

Во следните години иако неколку членови од семејството работеле и под другите султани, тие никогаш немале можност да ја вратат силата од пред 1453 година.

Везири уреди

Име Период Султан
Чандарли Халил Хајредин-паша 1364–1387 Мурат I
Чандарли Али-паша 1387–1406 Мурат I, Бајазид I, (Отомански интеррегнум)
Чандарли Ибрахим-паша Постариот 1421–1429 Мурат II
Чандарли Халил-паша 1439–1453 Мурат II, Мехмед II
Чандарли Ибрахим-паша Помладиот 1498–1499 Бајазид II

Наводи уреди

Надворешни врски уреди