Чандарли Халил-паша

Чандарли Халил-паша (1 јуни 1453 бил османлиски државник и голем везир во времето на Мурат II и првите години од управувањето на Мехмед II (1439-1453) како член на влијателното семејство Чандарли. Неговииот татко Ибрахим, чичко Али и дедо Халил исто така биле големи везири како и неговиот син Ибрахим Помладиот.

Чандарли
Халил
паша
Голем везир на Османлиското Царство
На должноста
1439 – 1 јуни 1453
Монарх Мурат II
Мехмед II
Претходник Коџа Мехмед Низамудин-паша
Наследник Заган-паша
Лични податоци
Починал(а) 1 јуни 1453
Цариград
Вероисповед ислам

Животопис

уреди

Во времето кога султанот Мурат II не бил заинтересиран за владеење и управување со империјата и бил поблечен во Маниса, со земјата управувал неговиот син Мехмед II заедно со Халил-паша од Едрене. Во два наврати Халил се обидел да го врати Мурат на престолот бидејќи се сомневал во силата на Мехмед, кое довело до големо незадоволство кај Мехмед. Така пред Битката кај Варна Мурат се вратил на престолот. Кога Мехмед станал по вторпат султан во 1451 година, тој го задржил на оваа позиција и покрај заладените односи. Според византискиот историчар Дука, Халил сакал да одржува добри односи со Византија, но бил и многу алчен за пари.

Сепак кога византискиот цар испратил гласник до Османлиите барајќи да биде зголемен данокот за неговиот роднина Орхан кој бил држен во Цариград.[1] и кој се сметал како претендент за престолот[1], на ова барање Халил-паша им одговорил:

Глупави Грци, го познавам веќе подолго вашиот зајадлив начин на барања. Вие сте будали и сметате дека не застрашувате со вашите фантазии. Ние не сме деца без сила. Доколку сметате дека можете да направите нешто, веднаш тоа да го сторите. Ако скате да го прогласиме Орхан за султан на Тракија (Румелија), повелете направете го тоа. Ако саката да ги донесете Унгарците преку Дунав, нека дојдат и тие. Ако сакате да ги вратите местата кои ги изгубивте од поодамна, пробајте. Но да знаете дека нема да имате голем напредок во ниту едно од овие работи. Се што ќе направите ќе ви наштети за она што малку го имате за да го изгубите[1]


Во 1453 година започнала Опсадата на Цариград на чело со Халил-паша и Заган-паша. По големиот неуспешен напад, на 26 мај бил свикан собир на големите везири. На овој собир Халил се залагал за повлекување на опсадата. Така еедно од првите дела извршени од Мехмед II по освојувањето на Цариград било неговото погубување и конфискација на неговиот имот станувајќи првиот везир погубен по наредба на султанот. Со ова бил ставен крај на ерата на семејството Чандарли.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 The Last Centuries of Byzantium, 1261-1453, Donald M. Nicol, page 375, 1993