Чавдар (Серско)
Чавдар (грчки: Ψωμοτόπι, Псомотопи; до 1926 г. Τσαβδάρ, Цавдар[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција. Сè до Втората балканска војна било населено исклучиво со Македонци.[3]
Чавдар Ψωμοτόπι | |
---|---|
Координати: 41°8.39′N 23°16.39′E / 41.13983° СГШ; 23.27317° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Долна Џумаја |
Општ. единица | Долна Џумаја |
Надм. вис. | 30 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 450 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа во Серското Поле, северозападно од градот Сер и северно од Долна Џумаја. Лежи близу до источниот брег на Бутковското Езеро.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Чавдар (Tchavdar) било село во Демирхисарската каза на Серскиот санџак со 7 домаќинства на 25 жители Македонци.[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Чавдар чифлик бил село во Серската каза со 210 жители, сите Македонци.[4][6]
Во Грција
уредиЗа време на Втората балканска војна во 1913 г. жителите се иселиле во Бугарија за да си ги спасат животите.[3] На пописот истата година тоа се води како напуштено, а во 1920 г. во Чавдар е попишан само 1 жител.[3] во Во 1924 г. грчката власт тука довела грчки колонисти. Во 1926 г. селото е преименувано во Псомотопи. На пописот од 1928 г. Чавдар е претставен како наполно дојденско село со 165 жители (39 семејства).[7]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 198 | 262 | 332 | 265 | 257 | 234 | 217 | 156 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 268. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 118–119. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 178. ISBN 954430424X.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012