Чавдар (Серско)

село во Серско, Егејска Македонија

Чавдар (грчки: Ψωμοτόπι, Псомотопи; до 1926 г. Τσαβδάρ, Цавдар[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција. Сè до Втората балканска војна било населено исклучиво со Македонци.[3]

Чавдар
Ψωμοτόπι
Чавдар is located in Грција
Чавдар
Чавдар
Местоположба во областа
Чавдар во рамките на Долна Џумаја (општина)
Чавдар
Местоположба на Чавдар во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°8.39′N 23°16.39′E / 41.13983° СГШ; 23.27317° ИГД / 41.13983; 23.27317
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаДолна Џумаја
Општ. единицаДолна Џумаја
Надм. вис.&1000000000000003000000030 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно450
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓа во Серското Поле, северозападно од градот Сер и северно од Долна Џумаја. Лежи близу до источниот брег на Бутковското Езеро.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Чавдар (Tchavdar) било село во Демирхисарската каза на Серскиот санџак со 7 домаќинства на 25 жители Македонци.[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Чавдар чифлик бил село во Серската каза со 210 жители, сите Македонци.[4][6]

Во Грција

уреди

За време на Втората балканска војна во 1913 г. жителите се иселиле во Бугарија за да си ги спасат животите.[3] На пописот истата година тоа се води како напуштено, а во 1920 г. во Чавдар е попишан само 1 жител.[3] во Во 1924 г. грчката власт тука довела грчки колонисти. Во 1926 г. селото е преименувано во Псомотопи. На пописот од 1928 г. Чавдар е претставен како наполно дојденско село со 165 жители (39 семејства).[7]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 198 262 332 265 257 234 217 156
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 268. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 118–119. ISBN 954-8187-21-3.
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 178. ISBN 954430424X.
  7. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012