Цртичка
Цртичка (-) — интерпункциски знак кој главно се користи за поврзување на зборови и делење на зборовите на слогови. Во македонскиот јазик, цртичката секогаш се употребува без белини од двете страни и е потребно да се разликува од знакот црта.
- | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Употреба
уредиЦртичка се употребува во следните случаи:[1]
- поврзување на именки што означуваат еден поим, а деловите го чуваат своето самостојно значење (на пр. предлог-закон, жиро-сметка, охридско-преспански, три-четири итн.);
- поврзување на двојни презимиња, како и презиме и прекар (на пр. Марија Матовска-Стојановска и Јордан Хаџи Константинов-Џинот);
- кога првиот дел од зборот е напишан со бројка (на пр. Неопходно е 4-годишно стручно образование.);
- кај некои скратувања и скратени изрази (на пр. д-р, м-р, г-ѓа итн.)М
- при пренесувањето на зборовите во друг ред (на пр. тет-рат-ка);
- при делење на зборовите на слогови (на пр. у-ба-ви-на);
- при писмено предавање на нагласени слогови (на пр. на-пред на-ши!);
- кај ономатопејски изрази (на пр. ав-ав, чук-чук, бум-трас); и
- при одвојување на комбинации од цифри, најчесто кај телефонски броеви, жиро-сметки, пропорции на величини и сл. (Наместо цртичка во овој случај може да стои белина!) (на пр. Неговиот телефонски број е: 071-223-3… (или: 071 223 3..).
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Цртичка (-)“. Македонски јазик и литература. Посетено на 30 ноември 2018.