Бориславец
Бориславец | |
---|---|
Поглед кон Бориславец | |
Висина | 2.675 м |
Место | Македонија |
Венец | Шар Планина |
Прво освојување | непознато |
Бориславец (позат и како Бриставец) е планинскиот врв на Шар Планина, во северозападниот дел на Република Македонија. Тој е составен дел на Шар Планина и неговата височина е 2.675 метри[1]. Се наоѓа во вториот дел на Шар Планина на пределот меѓу масивот Рудока и гребенот на највисокиот шарпланински врв Шар (Титов Врв). Веднаш под Бориславец минува патеката за планински велосипедизам „Шарски Води“, а се наоѓаат и селата Сенокос, Ѓурѓевиште, Ломница од кои води обележана планинарска патека за негово искачување и освојување, како и Боговиње, Ново Село и Селце Кеч со караулата Маздрача. На северното подножје на врвот се наоѓаат Белото и Боговинското Езеро, а на јужното Црното Езеро и изворишниот дел на долината на реката Маздрача. Преку обележаната планинарска патека која започнува нешто над селото Сенокос до врвот Бориславец се стигнува за 4 часа.
Галерија
уреди-
Поглед кон Бориславец
-
Врвовите Бориславец (десно) и Рудока (лево)
-
Поглед кон Бориславец
-
Поглед кон Бориславец
Наводи
уреди- ↑ „Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (биолошка и пределска разновидност)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 96. Посетено на 16 јануари 2024.