Мало Црно Езеро
ледничко езеро во Македонија
Мало Црно Езеро — едно од четирите постојани леднички езера во сливното подрачје на реката Маздрача на Шар Планина, кое не се вбројувало во минатото во 27. леднички езера на самиот масив. Сместено е веднаш до Црното Езеро.
Мало Црно Езеро | |
Површина | 6.700 м2 |
Должина | 175,3 м |
Ширина | 65 м |
Обем | 485 м |
Надморска висина | 2.165 м |
Планина | Шар Планина |
Езерото се наоѓа на надморска височина од 2.165 метри. Истото се протега во насока исток-запад.[1]
Одлики
уредиЕзерото има долгнавест облик во насока исток-запад.[1]
Мерења во 2020 г.
уредиПред прогласувањето на новиот национален парк „Шар Планина“, во извршената студија за валоризација на паркот се дадени мерењата дека езерото има површина од 6.700 м2, долго е 175,3 метри, широко е 65 метри и средна широчина од 38,2 метри. Должината на бреговата линија е 485 метри, додека коефициентот на разгранетост изнесува 1,67.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „СТУДИЈА ЗА ВАЛОРИЗАЦИЈА НА ШАР ПЛАНИНА“ (PDF). Министерство за животна средина. 2020. Посетено на 30 јануари 2022. line feed character во
|title=
во положба 31 (help)