Бело Езеро (Шар Планина)
Бело Езеро — ледничко езеро во Македонија, едно од 27. езера на Шар Планина.[1]
Бело Езеро | |
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found | |
Површина | 1.482 м2 |
Должина | 203,4 м |
Ширина | 100 м |
Обем | 520,7 м |
Длабочина | 1 м |
Надморска висина | 2.275 м |
Планина | Шар Планина |
Езерото се наоѓа во сливното подрачје на Боговињска Река на надморска височина од 2.275 метри. Истото се протега во насока север-југ.[2]
Одлики
уредиСе наоѓа во Брустовичкиот масив заедно со Црното и Боговињското Езеро.[3]
Ова е едно од најубавите шарски езера, кое има постојан водостој, без разлика на атмосферските талози. Хранењето на езерото се врши со изворите кои се наоѓаат во неговата непосредна близина и со топењето на ледниците, додека пак се празни преку истека, која се влива во Боговињска Река. Негова карактеристичност е големата проѕирност на водата.[2]
Вкупниот обем му изнесува 540 метри и има елипсовидна форма. Има површина од 18.000 м².[4] Се наоѓа на карпест басен, кој е опколен со прекрасни пасишта. Во езерото се влеваат неколку потоци и на самиот брег има многу извори, некои постојани, некои повремени. Еден поток се одлева и се влева во Боговињска Река. Езерото е постојано, не пресушува. Водата е кристално чиста.[5]
Мерења во 2020 г.
уредиПред прогласувањето на новиот национален парк „Шар Планина“, во извршената студија за валоризација на паркот се дадени мерењата дека езерото има површина од 1.482 м2, длабоко е 1 метар, долго е 203,4 метри, широко е 100 метри, а средната широчина му изнесува 72,9 метри. Должината на бреговата линија е 520,7 метри, а коефициентот на развиеност 1,21.[2]
Поврзано
уреди- Црно Езеро
- Боговињско Езеро
- Бориславец (Брустовец)
Наводи
уреди- ↑ Rista Nikolić: "Glacijacija Šar Planine i Koraba“, Beograd, 1912 godina.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „СТУДИЈА ЗА ВАЛОРИЗАЦИЈА НА ШАР ПЛАНИНА“ (PDF). Министерство за животна средина. 2020. Посетено на 29 јануари 2022. line feed character во
|title=
во положба 31 (help) - ↑ Кузман Најденоски: „Тетово во минатото“, издание од 1964 година. Печатница „Напредок“ Тетово
- ↑ Живко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр 53-54
- ↑ Душан Кривокапиќ: „Шар-Планина“, издание на „Туристичка Штампа“, Белград, 1969 година