Буника
Буника | |
---|---|
Буника | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Ред: | Зрнцовидни |
Семејство: | Зрнци |
Род: | Буника |
Вид: | Црна буника |
Научен назив | |
Hyoscyamus niger L. |
Буника или црна буника (науч. Hyoscyamus niger) — токсично растение од семејство на зрнците (Solanaceae) со потекло од Евроазија,[1] а денес распространето низ целиот свет.
Во минатото се користела заедно со други растенија како мандрагората, лудото билје и татулата as an анестетик, но и во „волшебни напитоци“ поради психоактивните особини.[1][2][3] Дејството се одликува со халуцинирање и чувство на летање.[4] Билката традиционално се користела ширум Европа, Азија и арапскиот свет.[5] Римскиот природонаучник Плиниј Постариот говори за употребата на буниката во Стара Грција, каде се нарекувала „Аполонова билка“. Растението го земале свештеничките на Аполон за да дојдат до пророштва.[1]
Изглед и својства
уредиСтеблото е исправено високо и до 1 метар. Листовите се широки и неправилно назабени. Цветовите се крупни , темножолти по боја, со розова нерватура. Плодот е кожурец во кој се наоѓа поголем број на семки. Семето по форма е неправилно овално, со димензии 1,6x1,4мм , по површината мрежесто.
Се размножува со семе. Се шири антропохорно. Никнува доцна напролет, цвета крај на јуни почеток на јули месец. Целото растение е отровно исто како и Atropa belladona. Содржи голем број на алкалоиди, можу кои најпознати се : хиосциамин, атропин, скополамин, и атросцин. Семето содржи вкупно 0,5 - 1% од алкалоидите, а од тоа хиосциаминот во семето се движи 0,05- 0,3 %. Целото растеније има непријатен мирис. Некаде се одгледува како лековито растение, при што се користат семето и надземните делови. Во афионот е каратински плевел. Имено во работната мостра на семенскиот материјал не смее да се најде ниту едно семе од буника. Буниката е рудерален плевел, бара почви богати со органска материја, расте по жубришта, а поретко и во окопни култури како пченка сончоглед. Во житни култури, доколку е присутен се остранува со хербициди врз основа на 2,4-D , MCPA.
Листовите и семето содржат хиосциамин, скополамин и други тропански алкалоиди.[1] Кај луѓето предизвикува халуцинации,[1] проширени зеници, раздразнетост и вцрвенување на кожата. Поретко забележани дејства се тахикардија, напади на грчење, повраќање, хипертензија, хиперпирексија и атаксија.
Галерија
уреди-
Семки од буника
-
Цвет на буниката
-
Плодови на буниката
-
Hyoscyamus niger
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Roberts 1998, стр. 31
- ↑ Anthony John Carter MB FFARCS (2003). „Myths and mandrakes“ (PDF). Journal of the Royal Society of Medicine. 96 (3): 144–147. doi:10.1258/jrsm.96.3.144. PMC 539425. PMID 12612119.[мртва врска]
- ↑ A. J. Carter (1996-12-21). „Narcosis and nightshade“. British Medical Journal. 313 (7072): 1630–1632. doi:10.1136/bmj.313.7072.1630. PMC 2359130. PMID 8991015.
- ↑ Schultes & Smith 1976, стр. 22
- ↑ Joseph Perez, Janet Lloyd, The Spanish Inquisition, Yale University Press, 2006, ISBN 0-300-11982-8, ISBN 978-0-300-11982-4, стр. 229 footnote 10]
- Roberts, Margaret F.; Wink, Michael (1998). Alkaloids: biochemistry, ecology, and medicinal applications. Springer. стр. 31–32. ISBN 0-306-45465-3. Посетено на 2006-12-27.
- Schultes, Richard Evans; Smith, Elmer W. (1976). „A Golden Guide to Hallucinogenic Plants“ (PDF). Golden Press. Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-12-17. Посетено на 2008-05-26. Наводот journal бара
|journal=
(help)
Надворешни врски
уреди„Буника“ на Ризницата ? |
- Буника — Erowid (англиски)