Зрновидни
(Пренасочено од Зрнцовидни)
Зрновидни | |
---|---|
Модар патлиџан (Solanum melongena) | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Евдикоти |
Нерангирано: | Астериди |
Ред: | Зрновидни Dumortier, 1829 |
Фамилии | |
|
Зрновидните (науч. Solanales)[1] се ред на цветни растенија, каде спаѓа астеридната група на дикотиледоните.
Според поновите системи како оној на Групата за истражување на филогенијата на скриеносемените растенија (APG), во редот спаѓаат следниве фамилии:
- фамилијата Solanaceae (Зрнци) (зрнец, компир, модар патлиџан, домат, пиперка, тутун и петунија)
- фамилијата Convolvulaceae (повивки и сладок компир)
- фамилијата Montiniaceae
- фамилијата Sphenocleaceae
- фамилијата Hydroleaceae
Класификацијата APG II ги сместува Зрновидните во групата Евастериди I.
Во постариот Кронквистов систем, последните три фамилии се ставени на други места. Во системот се присутни и низа други фамилии што ги нема во поновата класификација:
- фамилијата Duckeodendraceae (сега синонимни на Solanaceae)
- фамилијата Nolanaceae (сега синонимни на Solanaceae)
- фамилијата Cuscutaceae (сега синонимни на Convolvulaceae)
- фамилијата Retziaceae (сега синонимни на Stilbaceae, ред Lamiales)
- фамилијата Menyanthaceae (сега сместени во редот Asterales)
- фамилијата Polemoniaceae (сега сместени во редот Ericales)
- фамилијата Hydrophyllaceae (сега синонимни на Boraginaceae)
Наводи
уреди- ↑ Во некои постари извори се среќава називот Polemoniales.
- „Зрновидни“. Обединет таксономски информативен систем. (англиски)
- Зрновидни на Викивидовите ?
- Systema Naturae 2000 Архивирано на 19 април 2004 г.