Татула
Татула (Datura stramonium) — растение кое припаѓа на фамилијата Solanace и родот Datura. Се верува дека потекнува од Мексико, но сега е распространето во многу други региони.
Татула | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Datura |
Вид: | Татула |
Научен назив | |
Datura stramonium Л. | |
Синоними[1] | |
Синоними
|
Datura се користи во традиционалната медицина за ублажување на симптомите на астма, како аналгетик и за Паркинсонова болест. Тоа е исто така има моќен халуциноген ефект. Алкалоидите кои ги содржи се одговорни и за лековитите и за халуциногените својства. Целото растение е високотоксично, па неговото користење е ограничено. Малку поголема доза од лекот, може да биде летална. Како лек се користи маслото, кое се прави од листовите на ова растение, а халуциноген ефект произведуваат неговите семенки.
Татулата расте во форма на грмушка од 60 до 150 cm. Коренот е бел,влакнест и долг, додека стеблото е жолто-зелено со многу листови. Листовите се 8 до 20 cm долги, мазни и неправилно распоредени. Основата на листот е темнозелена, а делот кај основата (кај листната дршка) е посветлозелен.
Ова растение цвета во лето. Цветовите се бледо розови до виолетови и се од 6 до 9 cm долги. Чашката (каликс) е долга, тубуларна, наведната надолу и со остри агли. Венечните ливчиња (корола) се бледо розови до виолетови и преку ден се само делумно отворени, а целосно се отвораат само навечер. Плодот е во форма на јајце, со многу боцки. Изгледа како капсула која се отвора и внатре има семенки кои се црни и многу мали.
Сите делови од ова растение содржат висока концентација на тропински алкалоид atropine, hyoscyamine, и scopolamine, кои се познати по своето халуциногено дејство. Ризикот од предозирање е многу голем, поради тоа што луѓето не се доволно информирани. Една семенка содржи околу 0.1 mg атропин, а фаталната доза за возрасен човек е >10 mg атропин и >2–4 mg скрополамин. Интоксикацијата со Datura stramonium предизвикува делириум, хипертермија, тахикардија и други нус појави, кои можат да траат и неколку дена. Дејството и појавувањето на симптомите почнува 30 до 60 по интоксикацијата.
Како што веќе наведовме погоре, ова растение многу се користи во медицината. Највеќе се користи како аналгетик и за намалување на симптомите на астма. Исто така се котисти и за Паркинсонова болест.