Црква „Св. Петка и Св. Недела“ - Тетово
„Света Петка и Света Недела“ — црква во стариот дел на Тетово, во населбата Колтук. Црквата се наоѓа во дворот на храмот „Св. Никола“ веднаш до Споменикот на стреланите тетовци од 1944 година. Изградена е со средства на православни верници, пред сè, од стариот дел на Тетово, но и од целиот град. На 26 ноември 2000 година се положил и осветил камен темелник на празникот "Свети Јован Златоуст". При ископот на темелите биле пронајдени остатоци со димензии 3х2 на постара црква која потекнувала од 14 век. Точниот податок за постоењето и градбата на таа капела се сврзува со изградбата на помала црква посветена на Света Богородица, која се наоѓала преку реката Пена. Црква е посветена на две светици, бидејќи во Тетово немало црква посветена на св. Недела, а стариот храм бил посветен на св. Петка[1]. Поради воените дејства во Тетово во 2001, изградбата била стопирана, но во 2007 година комплетно е завршена и осветена[2].
Св. Петка и Св. Недела
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Тетовско-гостиварска |
Архијерејско намесништво | Тетовско |
Парохија | Четврта тетовска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Тетово |
Општина | Тетово |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Света Петка и Света Недела |
Изградба | 14 век; 2000 (сегашен објект) |
Завршено | 2007 |
Осветување | 2007 |
Архитектонски опис |
Галерија
уредиНаводи
уреди- ↑ „Осветена нова црква во Тетово“. Утрински Весник. 29 октомври 2007. Посетено на 2010-05-01.[мртва врска]
- ↑ „Осветување на црквата света Петка и света Недела во Тетово“. 1 ноември 2007. Посетено на 2010-05-01.
Оваа статија црква во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |