Црква „Св. Петка“ - Везник
црква во Везник, Серско
Света Петка (грчки: Αγίας Παρασκευής) — црква во селото Везник, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Црквата е парохиски храм на селото.[1]
Свети Атанасиј | |
---|---|
Αγίου Αθανασίου | |
Место | Везник, Серско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архитект(и) | Андреја |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | 1805 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Серско |
Епархија | Серско-нигритска |
Архитект на црквата е Андреја од Костур, кој ја изградил и „Св. Атанасиј“ во Довишта.[2] Храмот е подигнат на местото на старата црква „Св. Недела“.[3] Изградена е во три фази. Прво е изграден жртвеникот, потоа главнината на храмот нартексот, така добивајќи трикорабна базилика. Црквата е отворена на 20 октомври 1805 г. според натписот на плоча. Се чува и султанскиот ферман за неа од 17 септември 1805 г.[1]
Во парохијата влегуваат и црквите „Св. Дух“, „Св. Недела“ и „Св. Константин“.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Ιερός Ναός Αγίας Παρασκευής“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 31 октомври 2014.
- ↑ Βοζιάνη, Γεωργίου. „Ο ιερός ναός του Αγίου Αθανασίου“. Δαρνακοχώρια. Архивирано од изворникот на 2018-03-19. Посетено на 31 декември 2017.
- ↑ „Μνημεία της Κοινότητας Αγίου Πνεύματος“. Δαρνακοχώρια. Архивирано од изворникот на 2014-01-28. Посетено на 1 јануари 2018.