Манастир „Св. Константин“ - Везник

манастир во Везник, Серско

Свети Константин (грчки: Ιερά Μονή Αγίου Κωνσταντίνου) — манастир во селото Везник, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Свети Константин
Αγίου Κωνσταντίνου
Карта
41°5′53.8″N 23°40′35.4″E / 41.098278° СГШ; 23.676500° ИГД / 41.098278; 23.676500
МестоВезник, Серско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Завршена1872
Управа
Архијерејско намесништвоСерско
ЕпархијаСерско-нигритска

Манастирот е изграден на истоимениот рид во јужниот дел на селото. Според натписот на вградената плоча над западниот влез, храмот е подигнат во 1872 година.[1] Негов Ктитор е Георгиос Васаку Апостолу.[1][2] Според друг натпис лево од иконостасот, црквата е обновена и проширена во 1877 г. од монахот Герман.[1] Црквата има две елипсовидни куполи на правоаголни столбови и лакови. Жртвеникот е покриен со свод. Иконостасот има мермерна основа, а нагоре е резбан во дрво. Во храмот има вредни икони од XIX век.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Διακοπές“. In.gr. Архивирано од изворникот на 2018-01-02. Посетено на 1 јануари 2018.
  2. „Μνημεία της Κοινότητας Αγίου Πνεύματος“. Δαρνακοχώρια. Архивирано од изворникот на 2014-01-28. Посетено на 1 јануари 2018.