Црква „Св. Никола“ - Виндзор
Свети Никола — македонска православна црква која се наоѓа во Виндзор, Онтарио, Канада.
Свети Никола
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Американско-канадска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Виндзор (Онтарио) |
Општи податоци | |
Архитектонски опис |
Црквата Свети Никола била отворена на 5 април 1971 година[1], а истата била осветена на 12 август 1979 година. Но црквата целосно изгорела на 4 мај 1980. Подоцна на истото место била изградена нова и поголема црква. Темелите на црквата биле поставени на 9 август 1981 година а наредната година на истиот ден била осветена.
Се наоѓа на простор од 16 екари. Во склоп на црквата егзистира македонскиот центар кој го сочинуваат две модерни сали, современа кујна, помошни простории, паркинг за 250 коли, парк со фудбалско игралиште и шумски дел со ниви.
Храмот на црквата претставува еднокорабна базилика која е украсена со три импозантни кубиња и камбанарија. Внатрешноста на црквата е украсена со иконостас изработен во Македонија а фрескоживописот на јужниот ѕид целосно е завршен и е изработен од академскиот уметник Глигор Стефанов. Црквата може да собере до 350 души.
Наводи
уреди- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-01-30. Посетено на 2010-10-04.