Црква „Св. Климент Охридски“ - Торонто
Свети Климент Охридски — македонска православна црква која се наоѓа во Торонто, Канада. Оваа е најстара македонска црква надвор од територијата на Македонија.
Свети Климент Охридски
| |
Податотека:St. Clement of Ohrid Macedonian Orthodox Cathedral, Toronto.png
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Американско-канадска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Торонто |
Општи податоци | |
Архитектонски опис |
Во Канада помеѓу членовите на Македонската патриотска организација "Обединети Македонци" се родила желба за изградба на Македонска православна црква во Торонто. Така на 7 август 1962 година, на македонскиот национален празник Илинден бил одржан состанок во хотелот „Кинг Едвард“ во Торонто. На тој состанок била донесена одлука за изградба на црква во градот, како и името кое ќе го носи црквата. По донесувањето на одлуката, раководството на македонската црква испратила црковна делегација која била предводена од Митрополитот Злетовско-струмички господин Наум.
Денеска црквата е една од напосетуваните места помеѓу македонските Канаѓани во земјата. Во 2009 година, по повод 50 годишнината од основањето на Организацијата Обединети Македонци, црквата била посетена од страна на Премиерот на Канада, Стивен Харпер[1].