Црква „Св. Димитриј“ - Магарево

црква во Магарево. Битолско

Св. Димитријцрква во битолското село Магарево. Му припаѓа на Битолското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Свети Димитриј

Оригиналната црква на грчка разгледница од 1885 г.

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Кукуречанска
Местоположба

Карта

Координати 41°2′39.1″N 21°14′7.3″E / 41.044194° СГШ; 21.235361° ИГД / 41.044194; 21.235361
Место Магарево
Општина Битола
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Димитрија Солунски
Завршено 1834 / 1920-ти
Архитектонски опис
Архит. тип базилика

Местоположба

уреди

Црквата е гробишен храм, сместен во северозападниот дел на селото. Недалеку на североисток, на повисок терен е Магаревскиот манастир со црквата „Св. Ѓорѓи“ од 1871 година.[1]

Историја

уреди

Храмот е изграден во 1834 година. За време на Првата светска војна на подрачјето се воделе жестоки битки и црквата била уништена. Вредниот иконостас е демонтиран од бугарски војници со намера да го однесат во Бугарија. Сепак, нивната намера не успеала и тој е подоцна откриен и пренесен во храмот „Св. Богородица“ во Битола заедно со оној од „Успение на пресв. Богородица“ во Трново. По војната црквата е возобновена.[1]

Опис

уреди

Црквата е голема и убава крстовидна камена базилика со сложена архитектура.[2] Во многу нешта е слична на „Св. Димитриј“ во Битола. Во внатрешноста нема зачувано траги од живопис. Иконостасот со два реда икони е нов, а од старите икони се зачувани само неколку оштетени примероци.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Цркви и манастири во Националниот парк Пелистер“. Bitola Tourist Info. Архивирано од изворникот на 2017-09-11. Посетено на 11 јуни 2017.
  2. „Магарево“. Мој Роден Крај. Архивирано од изворникот на 2018-07-30. Посетено на 30 јули 2018.
  3. „Св. Димитриј – село Магарево“. Bitola.info. Посетено на 8 јануари 2020.

Надворешни врски

уреди