Магаревски манастир

манастир на МПЦ-ОА

Магаревски манастир — поранешен манастир во атарот на битолското село Магарево.[1] Од манастирскиот комплекс, денес останата е само црквата „Св. Ѓорѓи““.

Магаревски манастир
Стара фотографија на целиот комплекс
Информации
Манастир на:МПЦ - ОА
Основан1871
Посветен наЃурѓовден
ЕпархијаПреспанско-пелагониска
Цркви„Св. Ѓорѓи““
Личности
Место
Местосело Магарево, Општина Битола, Македонија Македонија
Координати41°02′42″N 21°14′00″E / 41.04500° СГШ; 21.23333° ИГД / 41.04500; 21.23333
Видливи остатоцицрква
Отворен за јавностада
Други информации(Кукуречанска парохија)

Сегашната манастирска црква потекнува од 1871 година. Изграден е на западната страна од црквата „Св. Димитриј“ на растојание од околу 500 метри. По изградбата голем придонес дал внукот на Димитриј Бишта, по име Петро Бишта кој спровел и водовод, така што летото 1945 година свечено пред гостите од двете села, Магарево и Трново, тој ја пуштил чешмата и шадрванот во дворот кои и ден денес функционираат благодарејќи на верниците од селото.

Манастирот функционирал како женски манастир. За време на Првата светска војна во реонот се воделе тешки борби и конаците на манастирот биле целосно разрушени и останал само манастирскиот храм.[2]

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Цркви и манастири во Националниот парк Пелистер. Архивирано од изворникот на 2017-09-11. Посетено на 2017-11-26.
 
Панаѓур во манастирот. Слика од 1913 година